март 9, 2010
Ми шепна ветрот
Ќе ми се вратиш
Па станав низ дома
Да спремам
Свежа салата
Од воздишки
Вечера
Од печени бакнежи
И колач од сништа
и секогаш кога ќе се гушнеме за поздравување,
мирисите се претвораат во совршени спомени, кои перфектно налегнуваат со благо кликање во тие канали.
тогаш горниот капак на едното око благо ми заигрува.
а ти мислиш дека сум нервозен.
Предвидувам.
Ќе се сруши
целиот мисловен свет 
врз твојата глава.
Ниту една стилска фигура,
нема да е доволна,
да ја опише состојбата
на твојот дух,
додека материјата
ги менува состојбите
Ми велиш сакаш врска
специфично поврзана
како лего коцки,
имам вдлабнатини
совршени за твоите испакнувања
само беа затрупани…
Не виде!
лего – (играј добро)
Требаше да изиграш подобро…можеби…
март 7, 2010
во безброј мали работи беше
а сега те нема
останаа само безброј мали работи, видливо невидливи
во безброј мали мигови беше
а сега те нема
остана само долго време, незаборавно а заборавено
во безбој кратки мисли бев
а сега ме нема
остана само леснотија на живеењето, неважно важно
како за кого
и една слика
само да се потсетам каде е затурена

март 7, 2010
Проблемот за ова дискутабилно прашање и покрај тенденциите научниците да го реконструираат и
идентификуваат ликот на Филип II лежи во тоа што до сега всушност никој не знае како тој изгледал.
Може со сигурност да се каже дека античките извори (Демостен, Страбон, Аристофан …) во голема мера се занимавале со делата на Филип II и раскажувале за неговите поврди и рани, но никогаш не го коментирале неговиот изглед. Според Наде Проева, проф. д-р по античка историја ”Што се однесува до изгледот на Филип, досега не е најден ни еден портрет во класична смисла на зборот, а од сите скулптури кои му биле поставувани не е ништо зачувано”. Па така јавната претстава за претпоставениот изглед на Филип II се базира на елементи кои вклучуваат неколу пронајдени артефакти:
1. Мермерната глава во Глиптотеката во Њу Карлсберг
2. Минијатурна глава од слонова коска од Гробницата II во Вергина
3. Железен оклоп со златни украсни ленти од Гробницата II во Вергина
март 7, 2010
За него прв пат слушнав кога бев гимназијалец, во мансардата на некогашниот „Српски краљ“, каде беа
сместени ателјеата на друштвото на ликовните уметници од Струмица. Таму, седнат на едно чергиче на патосот од штици, го слушав раскажувањето на Момо, сега веќе починат сликар од Струмица… бог да го прости. Момо до најситни детали им ја раскажуваше „ Фолиранти“ на присутните неколку брадести сликари, испоседнати – кој на кревет, кој на столче, кој на земја. Сликите оживуваа пред моите очи, а во носот го чувствував мирисот на терпентин и разредувач. Штафелаите, четките, боите, сликите и грундираните платна не можеа да го сокријат впечатокот дека овие тавански собички некогаш биле јавна куќа.
март 4, 2010
Со векови, на жената и се кажувало која е и што е. Таа се
изнаслушала многу митови за нејзината претпоставена природа и цел, многу лаги за нејзините способности и вредности, или пак наводни недостатоци за своите вредности. Но ниеден збор не ја изменил вистината за тоа која е всушност Жената.
Ниту еден збор ниту најмалку не ја менува нејзината вродена моќ која ја поседува. Што се сменило во перцпецијата кај жената за самата себе; нејзината перцеппција за сопствените способности и вредности? Потчинета во светските поредоци, вклештена со разни закони, и омаловажувана и осудувана во религии.
март 1, 2010
Се почесто се чувствувам како да сум/сме дел на експеримент. Ставени како глувчињата во кафез во кој неуморно трчаме во тркалото, кое се врти ли врти, а нам ни се чини дека нешто се случува. Затоа, здосадено ми е да го
дебатирам „името“, Нимиц, Друцас, Груевски и Црвенковски, па и правата на хомосексуалците, ако сакате. Во нашево лажно тркало, на кое наводно се движиме, се подготвува уште една „тема“ – избори… Се прашувам дали има некој кој искрено верува дека клучот на промената на општествената стварност лежи во изборите (независно од исходот)? Немам дилема, ама психички се подготвувам за уште една тортура врз сетилата. Кога сум веќе кај демократската фарса, да споделам напис од популарна лепенка: третирајте ја убаво Америка, или ќе ви донесеме демократија! А демократијата во САД може да се елаборира само со некаква (општествена) теорија на релативитет: еднопартискиот систем со две фракции претставен како плурализам дава идентични резултати без оглед на победникот од изборите.