Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата 2010 јануари.

Пред чоколадото.

јануари 30, 2010

Лето второ.

Звезди, ризли. Трезнејќи ја, и самиот се тетерави по скалите и нема поим што понатаму. Изнемоштен легнува да спие, откако пред тоа дваесет и пет пати провери дали таа  може да си го најде покривачот и да ја погоди перницата. По пет минути се буди од звукот на отворање на прозор и тивко повраќање. Утринска гимнастика и конечно коматозна состојба.Ни самиот не знае зошто, но повторно се буди со насолзени очи од некој прекрасен негов сон во кој таа ја играла главната улога.

- Бришам постепено страв од темни езера, но статуата на плажата упорно ме демне.

совршена

јануари 29, 2010

… кај Симпл…

… Пушам ко турчин. Цигара после цигара. Косата ми мириса на цигари. Исто и прстите на десната рака.
Ноктите не ми се изманикирани, косата не ми е исчешлана, имам црни подочњаци – наследни се, и моите деца ке ги имаат.
Имам проблеми со авторитет- никогаш нема да можеш да ми кажеш што да правам.
Палчињата на нозете ми се големи, имам два расипани заба, и висок диоптер.
Имам премногу мушки другари, некои од нив ми се бивши. Ќе продолжам со нив да заглавувам до сабајле. Чисто другарски…

Турската пенџера

јануари 29, 2010

Нешкова

- Ти зете, сега кога ќе стигнеме кај мајка ми и татко ми, пази како се однесуваш. Немој со раце да си јадел, само со два прста…и немој да си се разјадел ко дома што си знаеш. Помалку јади, да не се посрамотиме, да речат ова зетот не домаќин. И слушај ваму: јас штом ќе те гибнам по нозете под масата ти престани да јадеш. Разбра?
- Разбрав! – рекол зетот и по него тенкото гласче на бумбарчето:
- Разбрав!
- А бре што ти стана што така се преправаш?
- Не знам бре жено!…

полудени споменици

јануари 29, 2010

Хераклит

Градот Скопје стана заложник на ’полудените споменици’.
Духовен масакар во уметничка, економска и етичка смисла.
Едноставно Македонија е исправена пред мигот-дали ќе успее да го преброди оваа историско и општествено премрежје на инфериорниот….
Економска криза можеби за некој не постои?!

поетично, раскажливо

јануари 28, 2010

Брзаше да си отидеш, дома да влезеш
кавга да не те најде, утре си на училиште.
И кога конечно успеав од мене да те одлепам
погледна во часовникот и збунето изговори:
-Кога ли поминаа педесетидве минути!?…

Денес
изгубив читател,

одеднаш
не ме следи повеќе,
ми беше и љубовник
или јас така носталгично романтично го нарекувам.
Знаеше дека пишувам
и дека сум помалку налудничава,
ги сакаше моите песни
така барам ми велеше.
Пишував и за него,
конретно
јасно
детално…

Во многу лексикони и големи речници, зборот лево е објаснет со “спротивно од десно”, а зборот десно – “спротивно од лево”. Некој се обидел тоа да го објасни со исток и запад, ама многу згрешил, затоа што во моментов мене исток ми е лево, а на географскиот атлас е десно. Не се консултирав со Вујаклија затоа што  стоеше на левата полица заедно со многу други речници, кмиги со научни објаснувања и енциклопедија во која пишува дека десната страна од човечкото тело е поразвиена од левата. Сешто може да се прочита во книгите од левата полица.

Животот на еден несреќник беше онаков каков што никој до тогаш не имал, но во сосема крајниот агол на негативната страна. Дури одамна му стана видливо дека не можеше да биде понегативно. Беше на работ на полудување кога одеднаш му светна импресивна идеја која му се виде можна за остварување, па сосема решително започна да кова план за нејзино реализирање.

Всушност идејата му дојде кога откри направа со која можеше да се зачува целата меморија од еден живот на една душа, кога телото ќе умре т.е. кога ќе заврши тој живот. Теориски беше можно, но за да ја докаже нејзината функционалност, реши најпрво да ја испорба на себе.

како да те тера да се воздржуваш пред неа,
џвакав мастика, а разликува и психолошки идентитети опиени од авторитетност,
тоа е во Краш на улица Македонија, очи на чоколадна приказна
на очи на сите мириси што смрзнуваат додека трае, па пробуваш
поминувам низ замаглени спори филмови тоа е до мојата зграда, споро утро во кое се тресам, 20 секунди, визии, заедно со смирен нервен систем од деметрин, по што се разбудив, а повеќето тропања на чевли ми го мешаат мирисот на чоколадо со погледот кон згради во кои се спие
има боја и феномен на неми-
нема буква без агли освен очи
мМ?

Кока Кола Општество во Африка

јануари 28, 2010

Зошто месечината е месечина, зошто земјата не станала месечина, па така месечината ќе беше земја, а земјата месечина. Проблемот со пренаселеност жителите на месечината ќе го решеа безболно. Така Африка немаше да биде оваа денешна Африка, а жителите на Африка немаше да бидат поцрнети од мака, ќе беа вакви, мистериозни африканци… и африканки кои болката нема да ја кријат и потиснуваат, затоа што таа нема ни да постои.

Можеби и порно индустријата ќе се преселеше таму, а со неа и Џена ќе отидеше таму, и ќе станеше горда Африканска жена. Во Африка луѓето ќе можеа да одат и да уживаат во убавините на езерата и пустините. Африка ќе станеше Рајза на Земјата. Заљубените ќе се ја населуваа Африканската жега, и ќе ја гаснеа со нешто црно налик на оваа Кока Кола.

Престанете да ја елитизирате културата

јануари 28, 2010

..Ana Karenina in love..

(руската дама преселена на нова платформа)

Почитувани,

Би сакала да ми објасните зошто влезницата за претставата „Неверство“ (а претпоставувам и за другите претстави кои се играат во ЦК) чини 200 денари. Читам режија Нина Николиќ. Ве молам објаснете ми и која е Нина Николиќ, како и тоа кои се Дарја Ризова (освен од сцената на ФДУ никому позната), Благој Веселинов (попознат како актерот кој се превртува во новата реклама за кокаин на Владата на РМ), Мартин Јорданоски (попознат како конобар во Сопотско) и Ненад Митевски (никому познат, за жал) кои како што имав прилика да се информирам се членови на актерската екипа? Дали вашиот тесно ограничен простор, од дури стиставец за 28 души, ја диктира цената за влезницата со цел да ги подмирите сметките за струја, греење и хонорарот на овие слободно да се изразам анонимуси?

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај