Ја разгледувате архивата 2010 јануари 11.
јануари 11, 2010

Неофицијален блог на Димитровска Василка
Кога ќе појде еден археолог на терен, ако ископувањето не е урбано, ние треба да веруваме во неговата стручност и правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол. Во светот, а и кај нас постои Инспекција за заштита на културното наследство која го контролира почетокот, текот и понатамошното третирање на откриените артефактите во било кој контекст. Но не може инспекцијата да забрани личен приод и сопствено толкување на предметите, бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот. Кој може да каже дека некој археолог не конструира сопствена вистина при обработката на наодите? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни, се всушност самите наоди.
Посебно симпатични за конструирање на вистината се Митовите за националниот идентитет, една од омилените друштвени игри. Поткрепена со соодветни артефакти, ова може да биде одлично поле за играње во сверата на историската археологијата, со идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки. Со многу пречки…
Posted in историја, колумни, наука, општество | 1 коментар »
јануари 11, 2010
Билјана Ванковска
… Познатиот британски писател Норман Даглас веруваше дека формалното образование е само манифактура на ехо контролирано од
страна на државата. Но, иако ова е се уште во голема мерка точно, денес владеат и некои други креатори на колективниот ум. На пример, во мојата сферата на научно истражување една од најсилните изјави е онаа на Крипендорф, кој вели: „Станува збор за големата лага на американските Меѓународни односи: заводлива потрага по теорија која може да се квалификува како „научна“ преку позитивистички стандарди, теорија која е над и ослободена од историјата и политичката економија, теорија која е валидна за односите меѓу државните актери во кое било време и на кое било место, без оглед на нивната големина, димензија, идолошки профил и вкупната позиција на конкретните држави во меѓународниот систем. Ова доведува до продукција на збир на категории, парадигми и параметри кои прават САД како светска сила да исчезнат зад димната завеса на навидум научниот и објективен академски јазик“…
Posted in општество | No Comments »
јануари 11, 2010
Кога се будам наутро
Сè е росно.
Тоа ноќите ја отплакувале
Сопствената тегобност.
Мачорот ме има преболено,
Реагира на мојот глас
Само како на повик за храна.
Дедо Мраз не го сфатил сериозно
Моето новогодишно писмо.
Јас само сакав
Со нашата смеа
Да ја растераме скопската магла
И на градските ѕидови да ми напишеш графит
Со кирилични букви
ТЕ САКАМ,
Снежна
А јас растев во сонот, 
нацицан со безброј одрекувања,
разулавен од демоните,
разлулан од болките,
скриен во сојузите со ангели,
венчан со верувањата дека
не можат да ме остават без небо.
Дали некогаш ќе имам доволно,
за да ми биде доста?
Posted in општо, поезија | 2 коментари »
јануари 11, 2010
Не ми пишувај,
не сакам да знам како си,
а и не ме прашувај истото -
НЕМА ПОЕНТА СЕГА.
Не ми читај поезија,
не ми зборувај низ метафори,
а и не ги толкувај моите -
НЕ СЕ ЗА ТЕБЕ НАПИШАНИ.
Не ми се јавувај,
не паѓам повеќе на твојот глас,
а и имам ново бројче -
НЕ ГО БАРАЈ ОД ДРУГАРКИ.
НЕ МИ ДИШИ ПО ТЕЛЕФОН
М*** ТИ Е***,
МИСЛАМ, ТЕ МОЛАМ,
за да не се вреѓаме нели!

Posted in поезија | 2 коментари »