Отвори нов блог

почни од тука, отвори нов блог

Ја разгледувате архивата 2010 јануари 16.

раскажаа…

јануари 16, 2010

Застана на средината од поплочената патека која се наоѓаше точно по средината на сеуште воденото зеленило и го крена погледот нагоре. Повторно нагоре. Стоеше така неколку секунди и потоа седна на клупата која се наоѓаше на другата страна од патеката, веднаш спроти онаа првата. Не можев да верувам дека некој човек може со часови и со денови, можеби со месеци да седнува од клупа на клупа без разлика на било што и само да го гледа небото, па какво и да било и што и да гледа на него.

Посакав друг да ги напише моите страници, друг да ги скрои моите приказни. Но не.  Патот остана пуст, сив и студен. Дури и кревката јануарска месечина, со својот одраз на замрзнатиот асфалт не успеа да ми објасни. Не успеа да ме увери што ме чека зад кривината. Не успеа да ме однесе до посакуваното место.  Гледав во крајот, посакувајќи подобар почеток. Потоа го гледав почетокот, надевајќи се дека крајот нема да биде болен како претходниот пат. Ги расфрлив своите мисли низ студениот воздух, надевајќи се дека некој ќе ги слушне и ќе ги види.

Предметот што те интересира се наоѓа на работната маса сместена до прозорецот. Никако не погледнувај низ прозорецот! Ова предупредување има основи во обидите на мноштвото други луѓе, кои што во својата храброст и лудило погледнале низ прозорецот, и тоа мноштво на исчезнати постојано се зголемува. Во списокот постојано се додаваат нови имиња на посетителите во собата кои што погледнале низ прозорецот и тој список лежи во фиоката на Хроничарот. Сепак, одлуката да погледнеш или не, е само твоја.

Но ветувам во име на човековиот род дека ќе ти се поклонам бидејќи си наша родилка,и на злото што ти го нанесуваме пак ни даваш опстанок но во друга форма.Со тоа дојде денот да се свртиме према тебе и да прочитаме што всушност бараш ти од нас за возврат на дарот што си ни го подарила. Како нај прво,не дозволуваш да се одвоиме од тебе,туку во секој момент не ставаш во твоите прегратки и не милуваш со обросување како и другата материја што е со тебе.

-Трујат Discovery i Explorer, со емисии за тетоважи, пирсови, ремонт на олупини од коли, успорени експлозии, а и други ,,напредни” истражувања и откритија.

-Трујам јас со овој запис.

-Трујте и вие со по некој коментар.

мал чекор за Бочваров…

јануари 16, 2010

Бочваров

Пушачка дома

Значи, го ставаш на себе скафандерот, стискаш копче и на специјален држач ти се принесува цигарата до устата, ја лапаш, штрак друго копче, се пали и почнуваш да пушиш.

Воздух однадвор скафандерот ќе ти дотура мал вентилатор.

Целиот скафандер енергетски ќе се напојува од оние големите батерии, кои може да се полнат.

Таквите скафандери, без активирање на пушачките елементи, може да бидат употребувани и како задолжителните шлемови за мотоциклистите.

И, така опремени, пушачите ќе изгледаат космонаутски и сите ќе сакаме да ги имаме тие храбри луѓе покрај себе…

Географија на маленкоста – Ацо Гогов

јануари 16, 2010

Пред љубителите на пишаниот збор од Струмица, вечерва во малата сала на Домот на културата во Струмица, беше промовирана збирката од кратки раскази „Географија на маленкоста“ од Ацо Гогов.

Четириесетте суперкратки раскази од збирката се поделени во четири циклуси : Пред-слово, Слова, Пред-слика и Слики. Во книгата, која е во издание на Антолог од Скопје, се објавени рецензиите на Никола Маџиров и Јасна Котевска.

Извадоци од „Географија на маленкоста“ од Ацо Гогов:

Го испишав денот како писмо, со калиграфски букви. Ја напишав точната височина на незадоволствата, ја утврдив широчината на сопствените стравови, не заборавив да ја обележам и косината помеѓу пролетта и летото, со модро мастило ја означив оддалеченоста меѓу љубовта и омразата и, еве сум! Буквите на денот се пред мене, трајни и непроменливи. Го испратив денот напишан со краснописни букви на позната адреса – до себе.

помогнете им на помалку среќните

јануари 16, 2010

Црвениот крст на РМ се приклучува и кон Апелот објавен од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес што го погоди  Хаити.

телефони за помош

Средствата може да се уплатат и на жиро сметката на Фондот на солидарноста: 300000001327966, даночен број: 4030984271620, АД Комерцијална банка – со назнака: помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во  Хаити.

15 дена блог.мк

јануари 16, 2010

волан

-разни упатства, совети, забелешки, коментари…

volan blog

Архива

јануари 2010
П В С Ч П С Н
« дек   фев »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Who's Online

153 visitors online now
127 guests, 26 members

BoomTV -ТВ Препораки