КРСТ – АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ
февруари 1, 2010литература
Во салонот полн со луѓе влегува поетот.
- Па, што се случи со вашата малечка поема? – му се обраќа домаќинката. – Ја објавија ли? Добивте ли хонорар?
- Не прашувајте… Крст добив.
- Крст сте добиле? Вие, поет?! Зарем поетите добиваат крст?
- Од сé срце Ви честитам! – му ја стега раката домаќинот. Станислав или Ана?* Многу ми е мило… многу ми е мило… Станислав?
- Не, црвен крст…
- Значи, Вие хонорарот го дониравте на Организацијата на Црвениот крст?
- Ништо не сум донирал.
- Убаво ќе Ви стои орденот… Де, покажете го! ![]()
Поетот ја става раката во страничниот џеб и оттаму го вади ракописот…
- Еве го…
Публиката гледа на ракописот и забележува црвен крст… но, таков крст, што не може да се закачи на гради.

