Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

втората – за сеќавање

тогаш ќе продолжам на ова ниво на кое сум сега,
од една страна тишина, од другата празнина,
и се така додека не се разбудам и сфатам дека се отишло по ѓаволите,
времето збришало се,
направило бори, рани, лузни,
залечило некои стари исекотини,
но поминала младоста……….

Мојата квалификација
за безгрешна татралност
е одамна веќе прочитана
во старата
енциклопедија за емоции и чувства
која ми ја подарија тие,
со безимено довикување
на сцена ,
на бина,
со аплауз-бурен,…

Првата беше
за заборав.

Втората дојде
за сеќавање.
Третата
без причина.
Се слизна
по голото стакло
и се удави
во празнината
на дното.

остави одговор

You must be logged in to post a comment.

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај