Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

како ќе изгледа Скопје

Не се ова некои аматерски фотошоп експерименти како што често ги гледавме за идната слика на центарот на Скопје. Се’ е професионално направено, a на Вам драги блогери Ви останува да видите како ќе изгледа Скопје со едно многу смело ветување, дека овој сон или јаве ќе биде за следните пет години. Не навлагам од архитектонски аспект, дека немам појма од тоа, али вака на око стварно убаво делува.
pag11hj
Против градење на нови работи немам ништо против. Но имам против градење на работи без визија. Ова што денес е промовирано е некако многу набрзина, делува повеќе површно, и треба да претставува одраз на Македонскиот Национален Идентитет, поим кој што 95% од помодерните западни земји си го подразбираат исклучително како индивидуална интимна работа, поим кој што никогаш и никаде и пред никого не треба да се докажува. Нешто кое што вселенски уставно е загарантирано на сите луѓе, со право на поседување еднакво ако не и поголемо од правото за практикување вера и религија. Ако веќе бевме решени да го менуваме центарот на Скопје, можеби тоа беше една шанса со која ќе прескокневме преку јамката на национализмот од која што патат сите балкански држави.

Горното видео не е виц за Како Мали Ѓококица го замислува центарот на Скопје, ама може и да биде. Стилот е во стил све ми боје лепо стоје. Сањарија во време на длабока економска криза. Додуше не сум архитект и моето мислење не е стручно.
Сонот на сегашните градители излезе на јаве. Додуше во видеото нема колку ова кошта и кој ке го плати цехот на овој сон. Се почна со местењето на скулпрурите пред Влада и внатре во ходниците на Владата. Продолжи со малите скулптури низ центарот на Скопје, за да после четири годиншно сонување на нашиве државни сањари еве сега ни го презентираат својот сон. Се чини некаде во Овчеполе почна да тече нафта и сето ова со таа нафта ке го изфинасираме.

Додека блогерајот беше паднат/недостапен, всушност вистинската реакција за Визуелизација на центарот на Скопје во 2014 се разви на твитер… @mgalevski: Најбољa заебанција у 2014 ќе биде се чекаме кај споменикот.

не умира идеја да ни се смее земаљска кугла цела

тече у њима бре патриотска крв врела

2 одговори на “како ќе изгледа Скопје”

  1. Сердарот вели:

    абе како и да е,на крајот тоа е проект за обнова на градот и треба секому да му е мило тоа,а оние што не им се допаѓа тоа што некој гради нешто плус во нивниот град незнам што да им кажам,неможам да сватам човек што не сака некој да му изгради нешто плус во неговиот град.

  2. anakondor вели:

    Кој ќе го исчисти „Александар“ од какушки кога ќе го посерат чавките???
    Мој предлог: стечајците и професионалните војници.

остави одговор

You must be logged in to post a comment.

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај