Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата 2010 февруари 08.

ИРАНСКИ РУЛЕТ

февруари 8, 2010

KAPITALIZAM

Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит.

Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.

Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.

Ајс со сонот и Џорџи со циркузот

февруари 8, 2010

Оти разговорите се секогаш од онаа друга страна, за оваа друга страна
Или одавде за она таму и плетеме и веземе
Леле толку неуморно, а нит прсти нит очи не заболуваат
од истканите невидиливи покривки за добар сон потоа
А мрежи колку сакаш и со неа секогаш
Едно јаже оптегнуваме…
И ете ко циркуз, ама овој е од оние потребните,
кои не доаѓаат во градот, заборавени од градот,
и тој заборавен за нив
Без аплаузи, каде кловновите сме ние, без маски,
Само со некоја наметка оти пристудува на терасата пушална
Со нозете поткачени на столче

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај