Иѕемнатиот дуќанџија Трајче
февруари 12, 2010Трајче кога ја земаше Мира ја зема од љубов. Не му донесе мираз. На веридбата кога дедо му го праша дали им треба нешто тој рече дека си се доволни самите на себеси и ќе се снајдат за друго. Целиот имот дедо му го препиша на шура му Тасе. Тој си зема се и постојано бараше уште и беше постојано незадоволен. Така го научи мајка му. Таа велеше – Кога се раѓа женско и стреите плачат. Женското е за мака и за туѓа куќа, А ти синко си машко, гордост на мајка. Целиот имот еден ден ќе го наследиш.
Тасе никогаш не дозна дека татко му и ги даде парите за погреби на Мира. Сите други таткови пари ги имаше потрошено и многупати им се намеруваше и на овие, но мајка му го одвраќаше – синко срамота е кога ќе умреме да нема пари. Ќе ни се ситат душманите. Ќе речат, види ги ги погребааа како кучиња! …
