Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата вести.

Почивај во мир Капоре

март 7, 2010

За него прв пат слушнав кога бев гимназијалец, во мансардата на некогашниот „Српски краљ“, каде беа сместени ателјеата на друштвото на ликовните уметници од Струмица.  Таму, седнат на едно чергиче на патосот од штици, го слушав раскажувањето на Момо, сега веќе починат сликар од Струмица… бог да го прости. Момо  до најситни детали им ја раскажуваше „ Фолиранти“ на присутните неколку брадести сликари, испоседнати – кој на кревет, кој на столче, кој на земја. Сликите оживуваа пред моите очи, а во носот го чувствував мирисот на терпентин и разредувач. Штафелаите, четките, боите, сликите и грундираните платна не можеа да го сокријат впечатокот дека овие тавански собички некогаш биле јавна куќа.

нова претстава

февруари 28, 2010

Пријатели, слободните места за изведбите на  претставата “Лили” во режија на Софија Ристевска се пополнуваат од минута во минута.

- објавуваме нова листа на датуми за кои можете да резервирате карти:

10 март (среда)

15 март (понеделник)

16 март (вторник)

29 март (понеделник)

30 март (вторник)

Изведбите почнуваат во 22 часот во клубот Џубокс.

Што е мое, мое е! Што е твое, наше е!

февруари 10, 2010

Не помина долго од повикот на неколку медиуми да престане кражбата и неовластеното превземање на соджини (Тужба за неовластено преземање вести од Интернет порталите) за да истото тоа го стори  Шпиц.

Додуша, Шпиц не беше од медиумите кои го потпишаа повикот, но тоа не им дава за право без да ме контактираат, ниту да пишат од кај ја презеле фотографијата, да ја објават…

Баждарџијата

настани

февруари 10, 2010

Денес ќе се одржи првата кампања за безбедност на децата на интернет. Во кампањата учество ќе земат Никола Тодоров, Министер за образование и наука, Илијанчо Гаговски, директор на Мајкрософт – Македонија, …

Кампањата оваа година ќе се фокусира на претставување на клучните теми, за да се разберат ризиците на интернет  на кои се изложени младите,  заедно со практичните совети за заштита на  децата на интернет и да се претстават технолошките алатки што ќе помогнат во намалувањето на изложеноста на децата на несоодветна содржина и потенцијални ризици.

НАГРАДЕН КОНКУРС, за необјавена книга за деца која пред се ќе ги поттикнуваат децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовираат концептите и идеите на толеранцијата и мирот. Во недостаток на оваков тип литература, нивниот потег е охрабрувачки. Сите детали ги имате на официјалниот блог на Вермилион.

ИРАНСКИ РУЛЕТ

февруари 8, 2010

KAPITALIZAM

Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит.

Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.

Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.

како ќе изгледа Скопје

февруари 5, 2010

Не се ова некои аматерски фотошоп експерименти како што често ги гледавме за идната слика на центарот на Скопје. Се’ е професионално направено, a на Вам драги блогери Ви останува да видите како ќе изгледа Скопје со едно многу смело ветување, дека овој сон или јаве ќе биде за следните пет години. Не навлагам од архитектонски аспект, дека немам појма од тоа, али вака на око стварно убаво делува.
pag11hj
Против градење на нови работи немам ништо против. Но имам против градење на работи без визија. Ова што денес е промовирано е некако многу набрзина, делува повеќе површно, и треба да претставува одраз на Македонскиот Национален Идентитет, поим кој што 95% од помодерните западни земји си го подразбираат исклучително како индивидуална интимна работа, поим кој што никогаш и никаде и пред никого не треба да се докажува. Нешто кое што вселенски уставно е загарантирано на сите луѓе, со право на поседување еднакво ако не и поголемо од правото за практикување вера и религија. Ако веќе бевме решени да го менуваме центарот на Скопје, можеби тоа беше една шанса со која ќе прескокневме преку јамката на национализмот од која што патат сите балкански држави.

Горното видео не е виц за Како Мали Ѓококица го замислува центарот на Скопје, ама може и да биде. Стилот е во стил све ми боје лепо стоје. Сањарија во време на длабока економска криза. Додуше не сум архитект и моето мислење не е стручно.
Сонот на сегашните градители излезе на јаве. Додуше во видеото нема колку ова кошта и кој ке го плати цехот на овој сон. Се почна со местењето на скулпрурите пред Влада и внатре во ходниците на Владата. Продолжи со малите скулптури низ центарот на Скопје, за да после четири годиншно сонување на нашиве државни сањари еве сега ни го презентираат својот сон. Се чини некаде во Овчеполе почна да тече нафта и сето ова со таа нафта ке го изфинасираме.

Додека блогерајот беше паднат/недостапен, всушност вистинската реакција за Визуелизација на центарот на Скопје во 2014 се разви на твитер… @mgalevski: Најбољa заебанција у 2014 ќе биде се чекаме кај споменикот.

не умира идеја да ни се смее земаљска кугла цела

тече у њима бре патриотска крв врела

Ало Црвенковски…

февруари 2, 2010

Волан

  • Така ќе се стори “голема коалиција“ на демек опозициони партии со многу имиња но без политички капацитет да ги привлечат неопределените, а и многу од определените ќе помислат дали да гласаат за горните пензионери кои веќе имаа шанса од позиција на власт нешто да направат. Гледам и некоја зелена партија е во коалицијата, дури и некои прогресивци.

Ало Црвенковски абдицирај ти и сите погоре наредени ветерани. Застани во партијата како организатор и јака втора линија – велат си бил добар организатор на партискиот живот…

Неопределените се уште немаат за кого да гласаат.

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај