Ја разгледувате архивата историја.
мај 25, 2010
Во една од црковните песни за пофалбата на светите браќа Кирил и Методиј,која е отпеана на вечерната богослужба се пее: ”Со какви пофални венци да ги украсиме богомудрите учители кои народите словенски,што седеа во мракот на незнаењето и во смртна сенка,ги просветлија со светлината на Евангелието”.
Заблескала неизгасливата светлина на Христовата наука по целото словенско пространство и настапи ден на нова историска судбина за словенските народи.Бидејќи многубоштвото било мрак на незнаењето и од тој мрак светите браќа ги извеле словенските народи во пределите на духовното знаење и ги направиле народи способни за културен и државен живот.Мракот на незнаењето,на религиозното,на моралното,на општественото незнаење,мракот без просветеност всушност и е таа смртна сенка.
Нивната мисија не била да ги описменат словенските народи како што не учеа,туку да ги просветлат со Евангелието и зборот Божји да стигне до нив на јазик разбирлив за сите народи.Пишувањето на азбуката имало многу повисока цел отколку само описменување.
Posted in историја, литература, религија | 1 коментар »
мај 24, 2010
Гане Тодоровски 1929-2010 
Гане Тодоровски беше современ македонски поет, есеист, кижевен критичар и публицист. Академикот Гане Тодоровски сиот свој работен и творечки стаж го помина како Професор на Скопскиот Филолошки фалкултет на катедрата за хрватска и македонска книжевност, а во исто време ширум светот на многу познати светски универзитети го ширеше и популаризираше македонскиот јазик и книжевност. Започнува како новинар во Млад Борец и Студенстски збор а подоцна и во ТАНЈУГ.
Неговиот книжевен талент го започнува веднаш по ослободувањето во 1945 година а сите негови дела биле печатени во тогашниоте НОВА МАКЕДОНИЈА,ПИОНЕРСКИ ВЕСНИК и НОВ ДЕН. Претежно се бавел со поезија и препеви. Беше Претседател на Друштвото на писатели на Македонија, Претседател на советот на Струшките вечери на поезијата и одговорен уредник на научното списдание МЛАДА ЛИТЕРАТУРА.
Posted in вести, историја, литература, поезија | 5 коментари »
мај 9, 2010
Posted in историја | No Comments »
мај 9, 2010
Американската и светската телевизиска мрежа CNN на својата ВЕБ страница постави прашалник – How much do you know about Macedonia? во кои се поставени неколку основни прашања за Македонија. Интересно е што на прашањата за тоа колку ја познавате Македонија се надоврзани и три новинарски видео стории за кои во целост можете да ги погледнете подолу.

CNN ги замолува гледачите да ги испраќаат нивните слики и видео записи за Македонија на iReport на http://www.ireport.com/ir-topic-stories.jspa?topicId=413016, а најдобрите ќе бидат употребени во етерот и на интернет како дел од програмата што ќе трае цела недела.
Јас лично ќе им испратам неколку фотки и видео фајлови, некои се лично мои а некои кои ми се драги од интернет понудата. Ве повикувам и Вие да го сторите истото.
Posted in вести, историја, локално, медиуми, патепис | No Comments »
мај 4, 2010
Денес се навршуваат 107 години од смртта на Гоце Делчев. И до ден денес неговата смрт претставува загатка. Не за тоа како се случил нападот и убиството на Гоце туку кој го предал. 
На лицата на повеќето минувачи можеше да се забележи гордост и фасцинираност од призорот. Секако, имаше и по некоја појава која стоеше и на глас пцуеше. Искрено, не ми е јасно зошто некој би го пцуел Гоце Делчев?! Или едноставно, некој е исфрустриран што неговата идеологија не проаѓа, а Македонец станува самосвесен.
Конечно, после 60-тина години некој реши да постави споменици на Македонските херои, македонските јунаци, на место кое го заслужуваат. Нека денес се најде барем еден Херој, достоен за делото на тие луѓе, па и нему ќе му направиме споменик.
Што беше онаа ХИСТЕРИЈА кај Биљана Секулоска во емисија? … Иначе секој нормален со 2 грама школо за логистика и транспорт (а јас баш толку имам), ќе ви кажи дека габаритен терет се транспортира ноќе поради минималното блокирање на сообраќајот и можното оштетување на теретот. Но АНАЛИТИЧАРОТ си изваде теорија и претпоставувам дека сеуште си се држи до неа…
Колкумина од вас знаат за животот и делото на Даме Груев, Никола Карев, Јордан Пиперката, Карпош, Методија Андонов – Ченто, Добромир Хрс, Теодосиј Санаитски, Драган Богдановски, Пере Тошев, Павел Шатев, Питу Гули, Васил Главинов, Коле Неделковски, Ибе Паликуќа и безброј други. Намерно ги нафрлив вака споменатите, не грижејќи се за тоа кој од кој историски период или етникум доаѓаат. Сите тие се бореле за оваа земја. На ниту еден од нив, не смее да му се намали историското значење…“
Posted in историја, колумни, локално | No Comments »
април 29, 2010
Први Мај, Чикаго 1876 година, први протестираат луѓето кои себеси се нарекуваат “анархисти“. Иницирани од делата на Карл Маркс, кој отворено повикува на насилство и физичка деструкција (т.н “револуција“) демонстрантите го претвораат Чикаго во вистински пекол. Првичниот исход од таквото насилие, кое продолжува со месеци, е комплетна преселба на тешката индустрија од Чикаго во соседен Детроит. На крајот во Чикаго се јавува огромна маса на невработени, и организиран криминал кој својата кулуминација ја доживува 3-4 децении подоцна…
Што се однесува до Македонија, не би се сложил дека сме го напуштиле социјализмот како економски систем. Македонија сеуште е социјална држава дефинирана дури и во самиот устав. Капиталот сеуште ја нема потребната општествена доминација, туку тоа го прави политиката. Социјалната политика сеуште е најголемата ставка во државниот буџет, додека пак државата сеуште е најголемиот работодавец.
На ваквите проблеми, надоврзете ги и супер-строгите регулативи. Државата сеуште ја регулира должината на работното време, сеуште е задолжително плаќањето на социјалното и здравственото осигурување, итн.
На Македонија и се потребни про-капиталистички реформи, а не социјални протести.
Први Мај, никогаш повеќе да не му се случи на човештвото!

Posted in историја, колумни, општество | No Comments »
април 9, 2010
Дамаск, сегашниот главен град на Сирија има долга и живописна историја која се развлекува најмалку 12 000 години наназад. Градот е лоциран во плодниот регион на реката Барада, и често бил цел на напади на разни освојувачи. Денес таму живеат преку 4 мил. жители, во град кој е испреплетен со бројни канали изградени пред 3500 години , многу паркови и зелени места. Од 1979 градот е во УНЕСКО – вите заштитени градови. Во 2008 е избран за Арапски град на културата.
Суза или како некои го нарекуваа Шуш се смета дека е основан 4200 г. п.н.е, а дека има траги на живот уште од 5000 г п.н.е.Тоа егзистирање од најмалку 6000 год. го прави да е на листата на најстарите градови со континуитет. Тука е пронајден и Законикот на Хамураби во 1901 г, и тој денес се чува во Лувр. Запишан а на стена од диорит висока 2,62 м. и се смета дека во Суза е донесен од Месопотамија како воен плен.
Posted in историја, култура, општество, патепис | No Comments »
|
|
|
|