Ја разгледувате архивата колумни.
март 1, 2010
Се почесто се чувствувам како да сум/сме дел на експеримент. Ставени како глувчињата во кафез во кој неуморно трчаме во тркалото, кое се врти ли врти, а нам ни се чини дека нешто се случува. Затоа, здосадено ми е да го дебатирам „името“, Нимиц, Друцас, Груевски и Црвенковски, па и правата на хомосексуалците, ако сакате. Во нашево лажно тркало, на кое наводно се движиме, се подготвува уште една „тема“ – избори… Се прашувам дали има некој кој искрено верува дека клучот на промената на општествената стварност лежи во изборите (независно од исходот)? Немам дилема, ама психички се подготвувам за уште една тортура врз сетилата. Кога сум веќе кај демократската фарса, да споделам напис од популарна лепенка: третирајте ја убаво Америка, или ќе ви донесеме демократија! А демократијата во САД може да се елаборира само со некаква (општествена) теорија на релативитет: еднопартискиот систем со две фракции претставен како плурализам дава идентични резултати без оглед на победникот од изборите.
Posted in колумни, патепис, политика | No Comments »
февруари 14, 2010
Нема да кажам ништо ново ако заклучам дека во Македонија има хронично отсуство на дебата. Всушност, секој колумнист, коментатор, па и професионален новинар го има истото чувство дека е тешко да се каже нешто ново, да се отвори сосема нова тема. Како божем сме фатени во ѓаволов круг во кој се повторуваме себе си, па понекогаш денешните ставови и оценки се само ехо на некои постари. Можеби моментов е несоодветен за ваков заклучок? Ќе рече некој, па цела нација е вознемирена и расправа, да не кажам потежок збор, за идентитетот, спорот околу името, состојбите на меѓу-етнички план (т.е. ќе има војна или не), Уставниот суд, а на крајот и онаа за Скопје 2014. Каде се водат овие наводни дебати? Во кафеани, на контактни емисии, на електронските форуми на весниците, на блогерај, на Фејсбук, на протести за или контра (иако овие во сосема мал број. (Но, затоа полицијата е подготвена како да сме божем Французи, или не дај Боже, Грци.) Но, индикативно е што зад овие феномени главно се забележува акумулирана негативна енергија, фрустрација, па и говор на омраза (ајде да се преброиме и да им покажеме на „другите“ колкумина не има). Не ретко познатите и непознатите ми забележуваат: „Професорке, не сме ве слушнале да се изјасните за (оваа) тема?“. Така, ако „не се изјасните“, веднаш ве гледаат под око, со сомнеж – или сте „блиски“/„далечни“ од некого, или ве исплашиле, или ве купиле. А како да ги коментирам сите глупости за кои веќе имам напишано цели книги, а сега располагам само со 80-90 реда простор кој треба да го употребам умно? …
Ванковска
Posted in колумни, лично | No Comments »
февруари 10, 2010
Трета работа која ме иритира е лицемерието. По кафулиња и кафеани сите се паметни и имаат брилијантни идеи како да го подобрат светот, меѓутоа никој не превзема никава иницијатива. Невладини здруженија кои треба да се занимаваат со вакви проблеми, се занимаваат со меѓуетничка НЕ толеранција?!???, при тоа за жал за тоа добиваат пари и на тој начин на светот му испраќаат слика дека тука се живее како во Авганистан. Студентите и интелегенцијата се премногу исплашени јавно да искажат мислење, бидејќи за жал поседуваат партиски книшки уште од пелени, па доколку јавно се изјаснат против нешто, тогаш значи дека си го загрозуваат потенцијалното работно место…
Lost And Found – verloren
Posted in колумни, култура, општество, политика | No Comments »
февруари 2, 2010
Волан
- Така ќе се стори “голема коалиција“ на демек опозициони партии со многу имиња но без политички капацитет да ги привлечат неопределените, а и многу од определените ќе помислат дали да гласаат за горните пензионери кои веќе имаа шанса од позиција на власт нешто да направат. Гледам и некоја зелена партија е во коалицијата, дури и некои прогресивци.
Ало Црвенковски абдицирај ти и сите погоре наредени ветерани. Застани во партијата како организатор и јака втора линија – велат си бил добар организатор на партискиот живот…
Неопределените се уште немаат за кого да гласаат.
Posted in вести, колумни, општество, политика | 1 коментар »
јануари 24, 2010
Ризом
Агенда 2010: Живеење во крајните времиња според Славој Жижек. Уредниците го бомбардираат “Елвис на културната теорија“ со тазе слики од современиот свет со кои се допираат четирите главни теми во емисијата: економската криза, екологија, безбедносната криза и Авганистан и кризата на демократијата.
И да прејдам на кондензатот, лоциран во последните две видеа. Круцијалното прашање произлегува од препознаената состојба во современото општество на “беспокој од либералната демократија“ како елемент од глобалниот капитализам, тука донесен, со негови зборови, од убавиот наслов на Фројдовото дело „Das Unbehagen in der Kultur.“ Во центарот на либералната демократија од западен происход, Жижек, ги сместува политичките актери на демохристијанската десница и либералните социјалдемократи. Тие се политичките актери, удобно сместени популарни дрматори од актуелниот систем, и тие се генераторите на овој препознаен беспокој.
Кои општествено-политички сили ќе понудат одговор на овој препознаен немир? Жижек, тврди, дека тоа ќе биде крајната популистичка десница, додека, бунтува за отсаството на било каков видлив одговор на екстремната левица. Тој тука ја препознава главната опсаност и жестоко го критикува делувањето на современата левица, која со својата лежерност и неразбирање на подлабоките состојби во општества, всушност, им помага, и дури ги продуцира, овие непосакувани пројавувања на крајната десница.
Posted in колумни, култура, философија | No Comments »
јануари 11, 2010

Неофицијален блог на Димитровска Василка
Кога ќе појде еден археолог на терен, ако ископувањето не е урбано, ние треба да веруваме во неговата стручност и правилно расудување да ги толкува релевантно наодите кој ги нашол. Во светот, а и кај нас постои Инспекција за заштита на културното наследство која го контролира почетокот, текот и понатамошното третирање на откриените артефактите во било кој контекст. Но не може инспекцијата да забрани личен приод и сопствено толкување на предметите, бидејќи во духот на демократската мисла, тоа е сепак научно право на истражувачот. Кој може да каже дека некој археолог не конструира сопствена вистина при обработката на наодите? Во тој случај, единствено нешто во кое можеме да бидеме сигурни, се всушност самите наоди.
Посебно симпатични за конструирање на вистината се Митовите за националниот идентитет, една од омилените друштвени игри. Поткрепена со соодветни артефакти, ова може да биде одлично поле за играње во сверата на историската археологијата, со идеологија која потпаѓа во категоријата друштвено-ангажирани дневно-политички трки на кратки патеки. Со многу пречки…
Posted in историја, колумни, наука, општество | 1 коментар »
|
|
- Последни блог постови
- Последни коментари
|