You are browsing the archive for култура.
јуни 12, 2010
Којзнае кое задоволство е да присуствуваш на светско првенство во кое учествува и твојата земја.
Денеска со 5 плати немоеш да го собереш ни албумот за светцко па коа ќе видиш подобро никад не се живело лошије од денес…
Да се нарече ова „неверојатна атмосфера“ е навреда за сите навиваки групи во светот. Ова монотоно брмчење може да се реплицира со двасетина двотактни двоцилиндрични агрегати… Ова не е ни од далеку неверојатна атмосфера…
Почело је, почело, конечно!!! Фала му на Бог за фудбалот и светското првенство, цеееееел месец уживање и навивање. Рај за машката популација, и за дел од женската, особено за оние на кои им е преку глава од мажи… Ма не е битно… Држ’ те најдобрата тема на сите досегашни светски, песнакоја до ден денес ме ежи кога ќе ја слушнам трубата кога одиме да навиваме.
-А утре, утре ќе идеме на коктели!! И нема сељачишта да ни дишат во врат, пошо ќе нема мушко низ градов!!
-А задутре, задутре ќе идеме на базен!! И никој нема да се лигави околу твојот пешкир!!
…Голема благодарност кон оној што го измислил фудбалот. Неколку мужи шутираат топка, сите мужи на планетава го гледаат тоа, а жените… ние само добиваме заслужен одмор од сите тие мужи…
Спортски коментаторски бисери кои своевремено ги собрав по повод претходното светско првенство. Некои ги паметам лично, а некои ги позајмив од интернет. Посакувам многу забава, фудбал и уживање.
Миленко Неделковски : – и да, дааааа,… господ е тукаааа, над Веронаааа, да, тука е еве и јас го гледам….. (Св. првенство во фудбал во Италија 1990, Верона, Југославија-Шпанија 2 1)
Зоран Михајлов: …и драги гледачи тука гледате многу знамиња, од кои најзастапено е знамето на Црвениот Крст (86 светско првенство во ракомет во Швајцарија – беше прогласен за југословенски гаф на годината)
Никола Солдатов… додека е топката во летот, да ви ги кажам составите…ове е веќе легендарно
Јанко (сега Јади Бурек): – Драги слушатели, денеска имаме еден африкански дуел (за натпреварот Камерун – Саудиска Арабија)
Милојко Пантиќ: – За овој натпревар продадени се 30.000 гледачи.
Јордан Ивановиќ: – Што би рекол нашиот народ – дежа ву!
Еве дел од советите што им даваше прирачникот Housekeeping monthly од 13 Мај, 1955 година на американските домаќинки. Да повторам уште еднаш американските домаќинки, значи овие совети не биле како треба да се однесуваат сопругите спрема нивните мажи во Турција, туку во САД.
- Припремете се за него. Одморете се едно 15 минути пред неговото доаѓање дома како би биле посвежи кога ќше гопречекате. Средете ја шминката, ставете панделка на косата и изгледајте свежо. ВАшиот маж штотуку поминал тежок работен ден и уморен со луѓето кој работел. 
- Бидете среќни што го гледате.
- Не го замарајте со вашите проблеми.
- Направете се’ да му е комотно кога ќе дојде дома. Спремете му ја фотељата за седење во дневниот простор. Имајте дома ладен или топол пијалок во зависност каков ќе ви побара да го послужите.
- Наместете му ја перницата и понудете му да му ги соблечете чевлите. Зборувјте со тивок и пријатен глас .
- Не заборавајте дека е тој газда во куќата.
- Добрата жена секогаш знае каде и’ е местото.
Posted in култура, сеир, спорт, философија, хоби, хумор | No Comments »
јуни 12, 2010
Супер избор за недел ручек или вечера со пријателите. Овие корејски палачински ќе Ве освојат.
Потребно:
- 3/4 шоља сенаменско брашно
- 1/4 шоља оризово брашно
- 250 мл. ладна вода
- 5 млади кромидчиња
- 1 сушено чили пиперче
- 1 лажичка морска сол
- масло за јадење
По завршувањето на студијата биле тестирани нивоата на холестеролот и ефектите врз џигерот при што се добиени изненадувачки резултати, дури и за самите истражувачи. Тие што пиеле вино имале дури 15 отсто пониско ниво на штетен холестерол во крвта, во споредба со оние што добиле улога на антиалкохоличари.И покрај консумирањето алкохол, кај учесниците во истражувањето не биле забележани оштетувањата на џигерот. Според истражувачкиот тим, изненадувањето е несомнено бидејќи станува збор за толку големо подобрување на вредноста на холестеролот.
Posted in вино, гастрономија, здравје, култура | No Comments »
јуни 3, 2010
1. Енциклопедија. До пред неколку години енциклопедиите беа најважен извор на знаење за луѓето.
Книгите во кои се собрани сите знаења, денес најчесто собираат прашина на полиците.
2. Совршена поранешна љубов. Без разлика дали сте сами или во сериозна врска, секој од нас понекогаш се препушта на носталгијата и се потсетува на убавите моменти со поранешниот дечко или девојка.
Во мислите поранешните партнери изгледаат речиси совршено, но, денес го имаме Facebook кој ни открива повеќе отколку што сакаме да знаеме, а тоа ја убива носталгичната магија…
3. Расправии со пријателите. Некогаш знаевме со часови да седиме со пријателите и да се расправаме кој е во право за одредени историски, технички, спортски и други факти.
Денес со само неколку клика можеме да ја дознаеме вистината кој е во право и едноставно овие долги разговори почнаа да изумираат.
4. Преслушување музички албуми. Додека некогаш со нетрпение сме чекале да излезе некој албум за да го преслушаме од прва до последна песна, денес симнуваме од интернет само дел од песните кои ни се допаѓаат.
Во последните 10 години продажбата на албуми оппадна за 55%, но истовремено порасна и он-лајн продажбата за некои песни.
5. Правопис. Необразовани новинари и опуштени блогери придонесоа за загрижувачки пад на писменоста на интернет.
Кога на тоа ќе се додадат кратките SMS пораки и твитовите, станува јасно колку правописот пати во денешно време.
6. Тежок пат до славата. Некогаш мораше да изгледате добро и да имате талент за да стигнете до телевизија.
Денес, можете да станете “славни“ преку ноќ – никогаш не било поедноставно да се придобие вниманието на медиумите..
Posted in блог, блогосфера, интернет, култура | No Comments »
мај 29, 2010
Првo нешто кога ќе соопштите во својот град, родно место, населба или мало, дека сакате да си одите од државата, првите аплаузи и поткрепи доаѓаат од познаници, пријатели, роднини, комшии кои живеат во оваа Македонија како во Америка, односно живеат како што ни Американците не можат да живеат. Најчесто вработени во доброплатени државни иституции, неработници и општествени трутови, кои од дедо прадедо лонгитудинално и константно ја цицаат државава во која сите сме се родиле. Имаат по пар станчиња, автомобилчиња, викендичиња, станче во Охрид итн. итн. … е тие први ќе Ви се восхитуваат на потегот и одлуката истакнувајќи дека сте донеле вистинска одлука во вистинско време и дури ќе Ви кажат дека Ви завидуваат. Тие би што пре да отидете од Македонија за да продолжат на раат да ja јаваат земјава онака како што ја јавал и нивниот дедо. Легачката…лангзам лангзам. Но набрзо ќе сфатите дека такви општествени трутови не се ендемична врста само во Вашата земја и дека истите ги има насекаде и во секое место на земјината топка…па дури и во прекуокенаска Америка.
Не можеш да заминеш! Мора да се вратиш дома и да ги пуштиш таму твоите корени и мора да најдеш решенија. Бидејќи ако заминеш сега, каде и да одиш ќе ги однесеш своите проблеми со себе и само ќе насадиш повеќе проблеми. Но ако наместо тоа најдеш решение за проблемите, тогаш, откога ќе најдеш решение за твоите проблеми, тогаш може да одлучиш дали да заминеш или да останеш. Затоа што од тој момент ти ќе засадуваш решенија, нема да засадуваш проблеми.
Ако сакате да завршите работа во некја од институциите на државата (сеедно дали е на централно или на локално ниво) најдобро за Вас е да пронајдете “пријател“ кој работи во неа. Пријателот Ви треба не за да завршите работа која не Ви следува туку напротив, Ви треба пријател за да завршите работа која Ви следува. Значи во практика ако имате работа во социјална, здравствена, даночна или да речеме пензиска установа сите бараме пријател кој работи внатре за да ни ја каже процедурата.
Се прашувам јавно зошто такви луѓе не се предвидени во спецификацијата на потребните кадри на ваквите установи кои работат во/за интерес на граѓаните. Во пракса тоа би требало да изгледа така кога ке појдеш во било која државна институција а не ја знаеш процедурата, кога ке дојдеш во институцијата треба да се обратиш на некој за да те информира за твоите права и за постапката на остварување на твоето право. Да ти каже дали правото ти следува и да ти ја посочи процедурата како се остварува тоа право. За такво нешто најдобро би се снашле луѓето кои се во периодот пред пензионирање и имат долг работен стаж во службата.
Попладнево се сретнав со две госпоѓи од New Jersey, кои се дел од групата од оваа тура. Пристигнале вчера во Скопје, утре веќе заминуваат во Охрид, каде што ќе поминат 3 дена. Денес имале организирана посета на Матка, и попладнето им беше слободно. Ги прошетав по центарот и низ Стара Чаршија. Бараа да купат нешто автентично, наше, Македонско, изработено тука, во Македонија. Со големо упорност прашуваа како се изработени сувенирите, дали се навистина наши, Македонски. Се одушевија од нашето тавче гравче, печените пиперки, а за патлиџаните рекоа дека досега во животот не пробале патлиџани со толку добар вкус.
Posted in колумни, култура, образование | 1 Comment »
мај 25, 2010
Ги разбирам моите колеги кои молчат. Претпоставувам дека не е лесно да си во институција оти ако проговориш јавно, секако ќе те чека некоја сопка или опструкција. Но јас немам што да загубам. Ниту сум во политичка партија, ниту сум во институција. Повеќе од пола живот работам во приватниот сектор и на тој начин си ја заработувам платата која ми дозволува научно да истражувам, оти во оваа држава реално не ни може да се живее од археологија. Кој тоа го вели – значи дека лаже. Во меѓувреме се случи технолошкиот напредок да ми ја наметне употребата на новите медиуми и социјалните мрежи кои активно ги користам веќе неколку години. Па покрај тоа што сум блогер, исто така сум и еден од најактивните македонски археолози, а покрај научните трудови, интернетот е сосема доволен извор за моето CV.
Она што сакам да знам е до кога ќе трае оваа лакрдија со македонската археологија, пред да се случи некоја поголема катастрофа? Прашањето е зошто толку се одолговлекува со исплаќањето на хонорарите? За да се добие ли на време!
Сум ископувала во многу земји низ Европа и Балканот. Секогаш моите претпоставени се држеле за договорот кои сме го потпишале во однос на клаузулите како ќе тече нашата соработка. Само во мојата родна земја сум била понижена и увредена во светот на археологијата, и како човек и како професионалец.
Posted in кариера, култура, лично, локално | No Comments »
мај 4, 2010
Во моментот на посетата на Кокино, не бев во својство на археолог, ниту на туристички водич, туку во својство на посетител, кој ете сака да помине пријатен викенд со своите пријатели покажувајќи им го културното наследство на Македонија. Што го расипува впечатокот на Кокино? Недостатокот на сигнализација, трасирање на патеките по кои треба да се движат посетителите, табли со опомени за фрлањето на отпадоци и корпи за ѓубре и најсетне, опомена дека родителите се одговорни за своите деца. На ова би требало да се надоврзе фактот дека нема официјално лице кое треба да ви објасни што да гледате во купот на карпи, оти Кокино како археолошки локалитет има природно геолошко потекло и претставува остаток од купа на еден помал вулкан.
Posted in култура, општество, патепис | 1 Comment »
април 29, 2010
И така се возам и си слушам радио во кола по цел ден додека акам по градов и Македонијава. Кога одиш надвор од Скопје и немаш некој голем избор што да слушаш, станиците оние кои се на цела територија ги менуваат фреквенциите, па автоматскиот пребарувач додека ја фати стабилно новата фреквенција таа веќе се сменила на новата кривина. Така да многу многу и не слушам радио надвор од Скопје. Слушам радио само кога чекам семафор после десетото менување на црвено и зелено, да ја поминам раскрсницата.
Нема поголем филинг да се слушаат скопски радија додека се возиш по градов.
Утрово онака се возам и слушам некое радио, веќе не знам кое радио го слушам зошто сите си личат едно на друго, вртат компјутерите со измиксана музика и реклами. Емисијава не знам спонзорирана од некоја марка на автомобил и се јавуваат на некоја слушателка дома. Јас колку што знам секаде слушателите се јавуваат во радијата да бидат вклучени во емисијата, во нашава емисија се јавува радиово на слушателите.
Posted in колумни, култура, медиуми, музика | No Comments »
|
|
|
|