Ја разгледувате архивата литература.
мај 25, 2010
Во една од црковните песни за пофалбата на светите браќа Кирил и Методиј,која е отпеана на вечерната богослужба се пее: ”Со какви пофални венци да ги украсиме богомудрите учители кои народите словенски,што седеа во мракот на незнаењето и во смртна сенка,ги просветлија со светлината на Евангелието”.
Заблескала неизгасливата светлина на Христовата наука по целото словенско пространство и настапи ден на нова историска судбина за словенските народи.Бидејќи многубоштвото било мрак на незнаењето и од тој мрак светите браќа ги извеле словенските народи во пределите на духовното знаење и ги направиле народи способни за културен и државен живот.Мракот на незнаењето,на религиозното,на моралното,на општественото незнаење,мракот без просветеност всушност и е таа смртна сенка.
Нивната мисија не била да ги описменат словенските народи како што не учеа,туку да ги просветлат со Евангелието и зборот Божји да стигне до нив на јазик разбирлив за сите народи.Пишувањето на азбуката имало многу повисока цел отколку само описменување.
Posted in историја, литература, религија | 1 коментар »
мај 24, 2010
Гане Тодоровски 1929-2010 
Гане Тодоровски беше современ македонски поет, есеист, кижевен критичар и публицист. Академикот Гане Тодоровски сиот свој работен и творечки стаж го помина како Професор на Скопскиот Филолошки фалкултет на катедрата за хрватска и македонска книжевност, а во исто време ширум светот на многу познати светски универзитети го ширеше и популаризираше македонскиот јазик и книжевност. Започнува како новинар во Млад Борец и Студенстски збор а подоцна и во ТАНЈУГ.
Неговиот книжевен талент го започнува веднаш по ослободувањето во 1945 година а сите негови дела биле печатени во тогашниоте НОВА МАКЕДОНИЈА,ПИОНЕРСКИ ВЕСНИК и НОВ ДЕН. Претежно се бавел со поезија и препеви. Беше Претседател на Друштвото на писатели на Македонија, Претседател на советот на Струшките вечери на поезијата и одговорен уредник на научното списдание МЛАДА ЛИТЕРАТУРА.
Posted in вести, историја, литература, поезија | 5 коментари »
мај 9, 2010
Бошко:
-Што правиш бре пријателе? Денеска си се решил да се одмораш!
Стојан:
-Што да правам пријателе, си ги гледам оние двајца неразделни другари!
Денес ја копаат бавчата на Павле цело утро, а утре ке ја копаат на Трајан. 
Бошко:
-Многу се сложни. Такви сложни луѓе нема во целиот свет! Никој не може да ги скара,
сите им завидуваат.
Стојан:
-Јас ќе ги разделам, а знаеш ли како? Ќе земам едниот ќе го затворам в зандана
и така ќе ги разделам.
Бошко:
-Како ќе го затвориш в зандана?
Стојан:
-Ќе отидам кај султанот и ќе му речам дека Павле една вечер кога седевме в меана и
си правевме муабет рече дека Султанот веќе не е толку добар како порано туку,
ги зголеми даноците и се друго што треба и нетреба.
Posted in литература, образование, театар | No Comments »
април 26, 2010
Денес е светскиот ден на интелектуална сопственост кој се одбележува по десети пати. Под капата на WIPO (Светската организација за интелектуална сопственост), негова цел е да ја подигне јавната свест и разбирањето за сите овие прашања, но и да ја слави креативноста. 
Вообичаено, во Македонија денот се одбележува со палење на музички дискови на Дрисла и некој пригоден говор од претставници од надлежните институции. Овој текст, заедно со уште неколку други настани денес, е обид да се претстави и другата страна на приказната. Музика издадена под лиценци на Криејтив комонс ќе има на скопското радио Канал 103, а неколку документарни филмови за авторските права и патентите ќе се прикажуваат од 19 часот во просториите на Арт институтот и хаклабот КИКА.
Posted in блогосфера, вести, интернет, компјутери, култура, литература, музика, општество, пари, технологија, уметност | 1 коментар »
март 7, 2010
За него прв пат слушнав кога бев гимназијалец, во мансардата на некогашниот „Српски краљ“, каде беа сместени ателјеата на друштвото на ликовните уметници од Струмица. Таму, седнат на едно чергиче на патосот од штици, го слушав раскажувањето на Момо, сега веќе починат сликар од Струмица… бог да го прости. Момо до најситни детали им ја раскажуваше „ Фолиранти“ на присутните неколку брадести сликари, испоседнати – кој на кревет, кој на столче, кој на земја. Сликите оживуваа пред моите очи, а во носот го чувствував мирисот на терпентин и разредувач. Штафелаите, четките, боите, сликите и грундираните платна не можеа да го сокријат впечатокот дека овие тавански собички некогаш биле јавна куќа.
Posted in вести, култура, литература, уметност | No Comments »
февруари 14, 2010
Приказната што ќе ја смисли почитуваниот професор за ќерките на ректорот на Универзитетот Оксфорд тоа попладне, после три години, по барање на истите малите девојчиња ќе биде запишана на хартија и издадена. Веста за книгата исполнета со грст необични ликови со чудно однесување, бесмислености, нонсенс поезија, но и поуки, животни лекции за помладите, како и наивно вметнати филозофски прашања, уште тогаш со неверојатна брзина ќе се рашири низ светот. Вешто сплетена да одговара за секоја генерација книгата ќе стане една од најраспространетите и најпопуларни книги на денешницата. Преведена на 125 јазици, во многу земји (вклучувајќи ја и нашата) прифатена како задолжителна лектира, книгата „Алиса во земјата на чудата“ и денеска доживува нови изданија и нови адаптации.
Posted in литература, филм | No Comments »
февруари 10, 2010
Еднаш лидерот на партијата “Каша”, Василиј Долбатенко, отиде во јавна куќа. Откако најми девојка што му се допадна и откако се затвори со неа во собата, се соблече и легна на креветот.
- Види, види, Васја, а каква ти е таа тетоважа на интимното место? – се заинтересира проститутката.
- Пречкртана свастика, – одговори тој, преполн со гордост.
- Вау! Колку е секси!
- Ами како! Ние, антифашистите, сите имаме вакви. Некои уште и на газот цртаат тетоважи и дури и на јајцата.
- Неверојатно! Добро, а што те возбудува тебе најмногу од сѐ?
- Антифашизмот. Тоа е мојот најважен фетиш.
- Можеби, подобро е пушење?
- Не, така мојот борец нема да се дигне. Тој само на пламени антифашистички говори се буди…
литература
Posted in литература, раскази | No Comments »
|
|
|
|