Ја разгледувате архивата локално.
јуни 3, 2010
Професија чистач на влез. Е оваа професија е многу добра бидејки има многу згради во градот. Многу згради многу чистачи, многу заработка. И оваа професија не е фискализирана колку знам. Станарите собираат парички и кеш си плаќаат да им е среден влезот. Наизглед малку пари ама кога ке се фатат 5-6 да не кажам повеке згради убава паричка има. Трошок нема никаков. Само малку вода и тие за чистење метли и сунгери. Толку, а фискална нема. Само маана има што не има стаж.Ама кој ке ти гледа стаж денеска кога се гледа да се преживее. Башка инспекција нема.
Posted in локално, општество, сеир | No Comments »
мај 25, 2010
И додека си минат годините, а животот си го тера своето упорно движејќи се кон крајот, некои нови генерации ги запоседнуваат местата на старите, повторувајќи ги приказните во кои се е исто, само годините и имињата на личностите се менуваат. И додека низ градот никнуваат згради без паркинзи, детски игралишта без деца и играчки, додека тресиме глупости и дробиме празен муабет како некогаш ќе биде подобро, наеднаш осамнал нов ден во кој конечно себеси си признаваме дека повеќето од луѓето кои сме ги познавале – повеќе ги нема. Но ги нема и сеќавањата за нив. Неповратно заминале во заборав. Со години наназад го тупиме за некакво си подобро утре, а секојдневието ни носи некакви фамилијарни монографии платени со наши пари, се подготвуваат таинствено некакви one man show енциклопедии повторно платени со наши пари, некакви рурални сподоби интелектуално се титулизираат (времено оставајќи ги овците на паша нај роднините на село) и нема бре кој гласно да проговори, да постави прашања, море да тропне силно на масата и да рече – Доста е!
Posted in колумни, лично, локално, општо | 1 коментар »
мај 25, 2010
Ги разбирам моите колеги кои молчат. Претпоставувам дека не е лесно да си во институција оти ако проговориш јавно, секако ќе те чека некоја сопка или опструкција. Но јас немам што да загубам. Ниту сум во политичка партија, ниту сум во институција. Повеќе од пола живот работам во приватниот сектор и на тој начин си ја заработувам платата која ми дозволува научно да истражувам, оти во оваа држава реално не ни може да се живее од археологија. Кој тоа го вели – значи дека лаже. Во меѓувреме се случи технолошкиот напредок да ми ја наметне употребата на новите медиуми и социјалните мрежи кои активно ги користам веќе неколку години. Па покрај тоа што сум блогер, исто така сум и еден од најактивните македонски археолози, а покрај научните трудови, интернетот е сосема доволен извор за моето CV.
Она што сакам да знам е до кога ќе трае оваа лакрдија со македонската археологија, пред да се случи некоја поголема катастрофа? Прашањето е зошто толку се одолговлекува со исплаќањето на хонорарите? За да се добие ли на време!
Сум ископувала во многу земји низ Европа и Балканот. Секогаш моите претпоставени се држеле за договорот кои сме го потпишале во однос на клаузулите како ќе тече нашата соработка. Само во мојата родна земја сум била понижена и увредена во светот на археологијата, и како човек и како професионалец.
Posted in кариера, култура, лично, локално | No Comments »
мај 9, 2010
Очевидно е дека Македонија нема изградено никаква спортска политика. Нема сериозно финансирање, или ако има тогаш тоа е погрешно насочено.
Под државна спортска политика се мисли на план според кој, на пример, за 5-10 години Mакедонија би учествувала на светско-европско првенство-олимпијада во некој спорт и би имала реални шанси да добие медал.
Треба да се избере тимски спорт кој или е прилично популарен во светот или учествува на манифестации гледани во цел свет, т.е. олимпијадата. Треба да се најде спорт чие финансирање би било евтино бидејќи сме многу ограничени со ресурси. Тука ќе го дадам мојот предлог, Карлинг. 
Позитивни особини на карлингот:
- иако е тимски спорт тимовите се составени од само 4 играчи, кое е предност бидејќи потребната маса практикувачи за да се создаде компетитивен тим е помала,
- учествува на зимската олимпијада и во машка и во женска конкуренција,
- не е спорт за кој е потребна тотална посветеност,
- цената на спортот. Според анализа на сп. Форбс годишната издршка на натпреварувач по карлинг е под 1000 евра. За другите спортови од зимската олимпијада издршката се движи од 5000 евра за боб до 30.000 евра за алпско скијање.
Со сигурност ќе се најдат и спонзори да покријат извесен дел од сумата (сигурен сум дека и Канада и канадската амбасада би финансирале со нешто) а пистата при добар маркетинг би можела и да се самоиздржува. Да не забораваме дека еден таков проект скоро сигурно (ако се изведе добро) би не поставил на светската маса на еден олимписки спорт и има потенцијал за многукратно индиректно враќање на инвестицијата и при евентуален успех би накарал една цела држава да се чуствува горда!
Posted in колумни, локално, општество, политика, спорт | No Comments »
мај 9, 2010
Американската и светската телевизиска мрежа CNN на својата ВЕБ страница постави прашалник – How much do you know about Macedonia? во кои се поставени неколку основни прашања за Македонија. Интересно е што на прашањата за тоа колку ја познавате Македонија се надоврзани и три новинарски видео стории за кои во целост можете да ги погледнете подолу.

CNN ги замолува гледачите да ги испраќаат нивните слики и видео записи за Македонија на iReport на http://www.ireport.com/ir-topic-stories.jspa?topicId=413016, а најдобрите ќе бидат употребени во етерот и на интернет како дел од програмата што ќе трае цела недела.
Јас лично ќе им испратам неколку фотки и видео фајлови, некои се лично мои а некои кои ми се драги од интернет понудата. Ве повикувам и Вие да го сторите истото.
Posted in вести, историја, локално, медиуми, патепис | No Comments »
мај 4, 2010
Денес се навршуваат 107 години од смртта на Гоце Делчев. И до ден денес неговата смрт претставува загатка. Не за тоа како се случил нападот и убиството на Гоце туку кој го предал. 
На лицата на повеќето минувачи можеше да се забележи гордост и фасцинираност од призорот. Секако, имаше и по некоја појава која стоеше и на глас пцуеше. Искрено, не ми е јасно зошто некој би го пцуел Гоце Делчев?! Или едноставно, некој е исфрустриран што неговата идеологија не проаѓа, а Македонец станува самосвесен.
Конечно, после 60-тина години некој реши да постави споменици на Македонските херои, македонските јунаци, на место кое го заслужуваат. Нека денес се најде барем еден Херој, достоен за делото на тие луѓе, па и нему ќе му направиме споменик.
Што беше онаа ХИСТЕРИЈА кај Биљана Секулоска во емисија? … Иначе секој нормален со 2 грама школо за логистика и транспорт (а јас баш толку имам), ќе ви кажи дека габаритен терет се транспортира ноќе поради минималното блокирање на сообраќајот и можното оштетување на теретот. Но АНАЛИТИЧАРОТ си изваде теорија и претпоставувам дека сеуште си се држи до неа…
Колкумина од вас знаат за животот и делото на Даме Груев, Никола Карев, Јордан Пиперката, Карпош, Методија Андонов – Ченто, Добромир Хрс, Теодосиј Санаитски, Драган Богдановски, Пере Тошев, Павел Шатев, Питу Гули, Васил Главинов, Коле Неделковски, Ибе Паликуќа и безброј други. Намерно ги нафрлив вака споменатите, не грижејќи се за тоа кој од кој историски период или етникум доаѓаат. Сите тие се бореле за оваа земја. На ниту еден од нив, не смее да му се намали историското значење…“
Posted in историја, колумни, локално | No Comments »
април 29, 2010
- Ако ми дадете пари, кога ќе одам дома, мажот ми ќе ни ги земе, ќе купи алкохол и ќе се напие. Па после ќе ме тепа за уште пари да му дадам и секој следен пат кога ќе дојдам дома ќе ми бара пари. А вака ќе види дека сум донесла само за јадење и тоа е тоа. Ако сака нека јаде, ако не не мора…..
Седи уште малку да прибере душа. Каснуваат малку таа и детето од тоа што им го дадовме, а остатокот го пакува во најлонче, па го става во количката. Полека тргнуваат понатаму…. Во својот т.н. живот. …

Posted in лично, локално, пари, пороци, раскази, семејство | No Comments »
|
|
|
|