“Брат многу ти е јак филмот, ајде да го споиме со мојот филм и знам уште еден другар има
една идеја и да ствараме!“ Не знаеме како?! Ќе Google-аме, ќе видиме што треба да постанеме и научиме, креираме нешто што вреди и ќе правиме пари од тоа. Без разлика што си по струка или занимање, дисциплините се исти! Сите fucking гуруа од секоја област ги продаваат книгите за 400 денари на амазон, многу се бесплатни, имаме милион видеа на Youtube, има тони пишани, аудио и видео материјали за како да станеш најдобар во било која област.
… Според мене имаме страшно поставени ментални бариери кои ни ја подјебаваат креативноста, спремноста, фокусот, стремежот и храброста да си кажеме кој сум јас и што сакам да бидам! Ама не е начин да се жалиме и да плукаме по систем и се останато туку ајде да не мислиме “шта би било кад би било” него да влеземе и да ги мењаваме работите. Веле Самак на предавањето пред неколку дена рече “Help Me, Help You!” Е ајде де ајде! Кај нас е топката, обично кога некој многу дрибла сите го пцујат и се дерат по него да додава….е многу обожаваме да дрибламе и утакмиците завршуваат и пцуеме народ и влада…
Дали абортусот е убиство?
Не секое убивање е убиство, се разбира. Убиство е всушност мала подгрупа од сите убивања, што тука вклучува немамерно убиство, убиство во самоодбрана, самоубиство, еутаназија итн. Кога анти-абортус активистите го нарекуваат абортусот „убиство“, тие сугерираат дека на абортусот му одговара оваа дефиниција за убиство, имено, „нелегално убивање со злонамера“. Сепак, абортусот ја напушта оваа дефиниција поради две причини. Прво, абортусот не е нелегален, и второ, мајките тешко да чувствуваат зло кон своите неродени деца…
Се чини дека муабетите околу можното постоење на досега невидена планета која орбитира многу далеку од Сонцето никогаш не губат од актуелноста….
Нешто што ги поттикнува овие размислувања е и мистеријата на орбитата на малата планета Седна која орбитира многу подалеку од Плутон. Нејзината орбита е со голем ексцентрицитет (перихелот и е 76 астрономски единици оддалечен од Сонцето, а афелот 975 AU). Ваква орбита може да е резултат само од некоја средба со друго масивно тело кое орбитира на големо растојание од Сонцето. Дали тоа постои и колку е масивно може да покажат истражувањата кои започнуваат сега. Eден таков проект е мисијата WISE на NASA, односно сателит кој има за задача да направи мапа на целото небо во инфрацрвениот дел од спектарот. Ако таков објект постои, WISE би го детектирал преку неговото топлинско зрачење, а потоа може да се определи и неговата орбита.