Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата пари.

Што е мое, мое е! Што е твое, наше е!

февруари 10, 2010

Не помина долго од повикот на неколку медиуми да престане кражбата и неовластеното превземање на соджини (Тужба за неовластено преземање вести од Интернет порталите) за да истото тоа го стори  Шпиц.

Додуша, Шпиц не беше од медиумите кои го потпишаа повикот, но тоа не им дава за право без да ме контактираат, ниту да пишат од кај ја презеле фотографијата, да ја објават…

Баждарџијата

ИРАНСКИ РУЛЕТ

февруари 8, 2010

KAPITALIZAM

Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит.

Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.

Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.

Чибук Меана

јануари 12, 2010

НОВ ЕК

Чибук Меаната како што се викала гостилницата неофицијално го беше добила тоа име по гостите што тука доаѓале на сефалак и на кафе муабет, а чибуците и тутунот биле обавезен и незаобиколлив дел на целата слика во меаната.

Со еден збор Чибук Меаната било космополитско место каде што Турските Бегови, Каурите, Власите, Џупците и по некој Грк се мешале едни со други, седеле заедно по масите и диваните, се префрлале од маса на маса и гласно се вклучувале во муабетите кои биле јавни и изложени на сечија критика. Понекогаш некое поднапиено беже со право ќе мавнел со камшикот и меаната за момент се смирувала, а луѓето се повлекувале и седнувале каде што им личи и со кого што им личи. Тогаш Турците ќе промрмореле дека не е на арно, Грците гласно ќе кажеле по некој двосмислен збор, а на Македонците ќе им текнело дека треба да се купуваат кубури за зорзаман.

Дојде 21 век, а веднаш потоа и 1 Јануари 2010 година.

Чибук Меаната опусте. Се врткаа старите гости едно 10-15 дена ама немаше што да прават. Нит кафето се пиеше, нит ракијата лутеше. Виното пак ни оддалеку не можеше да се препознае, а не пак да се мисли за него како за крв христова.

Стопанот виде не виде и ја закатанчи. Ја затвори.

А Ленка…

Ленка отиде на налани в Монопол тутун да реди…

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај