Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

Ја разгледувате архивата поезија.

Ниту една стилска фигура

март 9, 2010

Ми шепна ветрот
Ќе ми се вратиш
Па станав низ дома
Да спремам
Свежа салата
Од воздишки
Вечера
Од печени бакнежи
И колач од сништа

и секогаш кога ќе се гушнеме за поздравување,
мирисите се претвораат во совршени спомени, кои перфектно налегнуваат со благо кликање во тие канали.
тогаш горниот капак на едното око благо ми заигрува.
а ти мислиш дека сум нервозен.

Предвидувам.
Ќе се сруши

целиот мисловен свет
врз твојата глава.

Ниту една стилска фигура,
нема да е доволна,
да ја опише состојбата
на твојот дух,
додека материјата
ги менува состојбите

Ми велиш сакаш врска
специфично поврзана
како лего коцки,
имам вдлабнатини
совршени за твоите испакнувања
само беа затрупани…
Не виде!
лего – (играј добро)
Требаше да изиграш подобро…можеби…

а можеби остана една слика

март 7, 2010

во безброј мали работи беше
а сега те нема

останаа само безброј мали работи, видливо невидливи
во безброј мали мигови беше
а сега те нема
остана само долго време, незаборавно а заборавено
во безбој кратки мисли бев
а сега ме нема
остана само леснотија на живеењето, неважно важно
како за кого
и една слика
само да се потсетам каде е затурена

монологот на две

март 1, 2010
Јас бев у Орце сине, она у Броз
друго време скроз на скроз
униформи плави, сите весели здрави.
Сега дома е со некој трет
а јас со другари во својот свет
некој е за клупа, а некој за група...

Сите паѓаат. Некој од зграда, некој од умот, некој од љубов, некој од
глупост.. Паѓањата никогаш не биле забавни или импресионирачки за
паѓачите, а човекот пак паѓа. Човекот е само бедно суштество, кое глуми
гордост! Самиот збор „човек“ звучи бедно, чудно е како Горки не го
забележал тоа уште одамна кога се чудеше колку гордо  звучело тоа.
Паѓањата најчесто се случуваат поради умирање на бајките.  А бајките
сјаат како рамна светлина опкружена со мрак, но секогаш знаат да умрат
токму пред да ги сфатиш сериозно...

И така птицата ни стана комшија. Мене и на господинот со бркој ни
сметаше првите деној ама после лесно се навикнавме на нејзе. Арно ама,
Витканиот малку од кафето, малку од птицата, не заспа никогаш појче. Во
која соба и да се прфлеше птицата му гракаше, а звукот му удираше во
мозокот. Го проба секој чош од кујчата, секое катче шо би се реколо,
ама ништо од то не испадна.

сонлива автомобилска свирка

ми го дели монологот на две

рефлектирам во излогот на казиното

тоа е единственото место во градот

кое не мириса на храна

уплаќам на нашите бројки

добивам на годината

300 денари

….

цигари

пар еспресо

и кутивче кондоми…

виртуелности и реалности

февруари 28, 2010

Ме опива мирисот на новоиздадената членска книшка
Стојам пред бирото за вработување
Ти си мојот бог!!!- им велам
Оваа песна е за тебе,
да те потсеќа на мојата нервоза.

Тргнувам оддолу;
ќе си починам.

Ќе тргнам од каде што сум.
Си починав.
Ќе се искачам.
Полека се искачив.
Не се искачив,
сал мислам дека се качив.
И те фатив.
Мора да слезам.
Мора да се поклонам
таму кај што ‘ртам.

Десеттата муза на Шекспир

февруари 27, 2010

СОНЕТ 76
О,јас се`за тебе пеам, љубена моја,
ти и љубовта сеуште сте ми тема -
со старите зборови нов елан кројам,
потрошеното пак назад си го земам
како сонцето од вчера што се роди
така мојта љубов стар стих ја плоди.

SONNET 76
O, know, sweet love, I always write of you,
And you and love are still my argument;
So all my best is dressing old words new,
Spending again what is already spent:
For as the sun is daily new and old,
So is my love still telling what is told.

дум дум .

февруари 26, 2010

секогаш дува во овој град .
овој град ја покажа својата лоша страна
грдата насмевка на ѕидовите без душа
а ти си сам некаде на излезот
и гледаш како возовите си одат
и како луѓето те гледаат
со очите без солзи .
во сувите очи што личат ко да ќе им излезат .

reč je telo .

Денес ми е се дозволено…
Денес лажам и ме лажат…
Си играм … и им дозволувам да си играат …
Да чувствуваат дека си играат со мене….
Додека им се смеам во себе…
И го чувствувам горчливиот вкус на Пировата победа…
И сите по неа… ако ги има…
Денес е чуден ден…
Ден кога се изневерив себеси… неколкупати…
Ден кога изгорев и повторно се родив во сопствените емоциии

lucija

тука сме за да пишуваме

февруари 23, 2010

Ако сакаш
болка да ми нанесеш

направи го тоа незабележливо
а јас да ја осетам.
Во спротивно
нема да мислам
дека мене сакаше да ме повредиш
туку пред другите
како лоша да се покажеш
та страв да им набиеш.
Ако сакаш
љубов да ми подариш
направи го тоа молшечкум
и јас ќе си молчам…

Во темниот кратер на ладното сонце
таму каде капката роса на листот

погледнуваше во изразот на твоето лице
вечната прекрасност на постоењето.
На зелената рамнина со бујни ливади
под белите облаци и синото небо
каде сонцето насмевки изроди
со зраците свои те помилува.
Во соништата мои долги и слатки
каде не ја допрев земјата летајки
кон длабочината на твоите прегратки
и мирисот на твојата развиорена коса.

Ти скина конци
а јас пребавно пишував

за да се усогласам со
тактот на твоето срце.
.
Твоите мисли се побрзи
од сите мои прсти;
влечи, пуштај, куцај,
листот собира 44 карактери.

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај