You are browsing the archive for политика.
јуни 12, 2010
За Портпарол вообичаено се поставува човек кој и кога ке каже нешто неможеш до крај да откриеш што сакаше да каже човекот. Ти зборува но не ти дава информација – врти како киша око Крагуевца. Заради потреба или мода сите наши министерства и јавни претпријатија имаат Портпароли. Повеќето од нив се голобради момчиња (како што се и поголем број на директорите на јавните претпријатија, (а и министерствата се преполни со бејби фаци во највисоките редови) на кои портпаролството им е прво вработување. Сетите се на Портпаролот на Министерството за надворешни.
И тука доаѓаме до онаа битност. Тоа е таа примитивна средина не само на нашиот, туку на било кој народ кој не ги „игра“ западните цивилизациските норми. Може да појдете и во Холандија, може да појдете и во Романија или Словенија, Чешка, Бугарија…, може да појдете каде сакате во Европа, поделеноста на Истокот и Западот или, она што се нарекува Западна Цивилизациска Култура е – како оштар нож за било кој Источен крај, предел и земја. Како и да ја вртиш приказната сфаќаш – драга комшивке! – луѓето на Запад живеат многу послободно и многу по-просперитетно, а Џмурлестиот Источен пазар на трудот нема да донесе ништо битно за да се наполни желудникот а богами и буџетот на било кој џмурлест мрсомудоња.
Но постојаното занимавање на целокупната Македонска јавност со прашањето за името, преку говорот на омразата не е случајно. Тоа е уште еден маркетиншки трик на власта вниманието да се концентрира таму, за да не се зборува за вистинските проблеми како што се колапсот на економијата, потполно уништеното здравство, руинираното образование и многу други.
Главата ми ја натапанија информациите дека платите растат, дека пензиите се зголемуваат, а дека истовремено цените на прехрамбрените продукти како на пример на лебот, маслото,оризот, останале и натаму непроменети.И ајде сега биди паметен и разбери го тоа, како целата плата одвај ми стигнува за нивно купување а ние ваму цело семејство гладни.Бериќатвасан,сите сме како Твиги па не мораме да трошиме пари за масажи и средства за слабење. Ама дилемата ќе останеше неразјаснетеа да не се јавеше пресметливиот дел од моето второ јас.
Деновиве се актуелни измените на Законот за електронски комуникации кои ако останат исти како оние од мај ќе овозможат законско прислушкување во секое време и врз секого, без судски налог.
Со оглед на тоа што такво нешто е спротивно на нашиот Устав, како и низа други закони и меѓународни договори кои важат во РМ, а спротивен е и на директиви на ЕУ, таквиот закон најверојатно ќе падне, но ќе биде голема срамота ако воопшто биде изгласан. Затоа 15 невладини организации и околу 200 поединци упатуваат повик до Собранието, Владата и други релевантни институции недемократските измени да се повлечат од процедура.
Posted in општество, политика | No Comments »
јуни 11, 2010
Ако не ја биваше ни една МК Влада до сега – редно е народот Македонски да побара „Влада под закуп“ … за извесно време, додека да ни тргне. И така нашиве Влади немаат преголема самостојност.
- Или се должни да работат како им велат странските кредитори,
- или го слушаат моќниот странски фактор – представен преку ЕУ амбасадорот и неколку те други поважни амбасади,
- тука е вечниот амерички фактор, кој во Скопје го има најголемиот балкански центар за шпионажа во просториите на новоизградената амбасада на Кале,
- итака сите одат на амин кај овие фактори, сетете се на било кое предизборие или во било која криза низ која поминуваме – сите поважни кандидати се запукуваат на средба кај странциве …
Posted in политика, сеир | No Comments »
мај 29, 2010
Кога толкава сума на народни пари се потрошени од страна на властите за изградба на луксузни скулптури а без притоа граѓаните да бидат прашани за мнение, преку референдум или електронско гласање, тие имаат сосема легитимно право да ги срушат тие скулптури или подобро да ги претопат во топови и да ги озабат спрема Парламентот. Ниту задниците на вообразените скулптори треба да се поштедат, чии идеи не можат да добијат лик без властите да ја оданочат создадената вредност на трудот вложен со проширени вени од конфекциските работнички, градежните работници…
Време е да се отстранат професионалните политичари од привилегијата да одлучуваат во името на сите граѓани, бидејќи само граѓаните можат да се претставуваат самите себе. Не е суверен оној народ кој ја доверил својата волја на група политичари што се претворила во современа аристократија и чија ротација на служби е во границите на привилeгиран делокруг. Не се внимава на Марксовиот аргумент дека „во некое општество власта ја има оној што располага со таканаречената општествена репродукција, со она што се вика вишок на вредност“.
Posted in образование, политика | 3 Comments »
мај 21, 2010
Со сите бисери кои во последно време се’ повеќе ги слушаме како начин на убедување да си го смениме името, во денешната изјава на грчката амбасадорка Пападопулу акредитирана во Македонија покрај примерот со “слонот во собата“ , имаше и една многу коректна реченица. “ Бизнисите што сакаме да ги донесеме овде ќе направат пари. Вашата земја ќе има корист. “ Да, сосема многу коректно кажано, освен што реченицата не беше докрај добро формулирана. Грците си направија добро тло за правење пари. Нивната земја и тoa каков корист си направи до сега од “нашата земја“ ( најверојатно во нејзината глава мисли Република Македонија или FYROM, само таа си знае) со нивните инвстиции во Македонија.
Госпоѓата се расфрла со високоумни изјави и дели лекции инвестициско-политички лекции. Но, правило број два на инвестоторот, еве гратис нека и бидне на амбасадорката правилото број еден, е да ја провери веродостојноста и кредибилитетот на потенцијалниот партнер за деловната соработка.
Оп, оп, стоп! Веднаш излезе нешто тазе со гуглањето (ако ви бара претплата преку насловот во гугл влегувате во статијата). Фајнешјл Тајмс: Greek central bank faces short selling claims
Или накратко срочено, грчките банки на чело со Хелас Поштенската Банка во сопственост на државата самите се кладеле на сопственото хеленско пропаѓање на пазарите на финасиски деривати. Уште попластично, водечките грчки банки се докажале како тројански коњи на финасиските пазари, самите се осигурувале од пожарот што самите го подметнувале…
Posted in општество, пари, политика | No Comments »
мај 9, 2010
Очевидно е дека Македонија нема изградено никаква спортска политика. Нема сериозно финансирање, или ако има тогаш тоа е погрешно насочено.
Под државна спортска политика се мисли на план според кој, на пример, за 5-10 години Mакедонија би учествувала на светско-европско првенство-олимпијада во некој спорт и би имала реални шанси да добие медал.
Треба да се избере тимски спорт кој или е прилично популарен во светот или учествува на манифестации гледани во цел свет, т.е. олимпијадата. Треба да се најде спорт чие финансирање би било евтино бидејќи сме многу ограничени со ресурси. Тука ќе го дадам мојот предлог, Карлинг. 
Позитивни особини на карлингот:
- иако е тимски спорт тимовите се составени од само 4 играчи, кое е предност бидејќи потребната маса практикувачи за да се создаде компетитивен тим е помала,
- учествува на зимската олимпијада и во машка и во женска конкуренција,
- не е спорт за кој е потребна тотална посветеност,
- цената на спортот. Според анализа на сп. Форбс годишната издршка на натпреварувач по карлинг е под 1000 евра. За другите спортови од зимската олимпијада издршката се движи од 5000 евра за боб до 30.000 евра за алпско скијање.
Со сигурност ќе се најдат и спонзори да покријат извесен дел од сумата (сигурен сум дека и Канада и канадската амбасада би финансирале со нешто) а пистата при добар маркетинг би можела и да се самоиздржува. Да не забораваме дека еден таков проект скоро сигурно (ако се изведе добро) би не поставил на светската маса на еден олимписки спорт и има потенцијал за многукратно индиректно враќање на инвестицијата и при евентуален успех би накарал една цела држава да се чуствува горда!
Posted in колумни, локално, општество, политика, спорт | No Comments »
април 29, 2010
Барабанџиството продолжи и во транзицииските години само со таа разлика што сега луѓето преку ноќ стануваат барабанџии. Нормално затоа што не се професионални барабанџии , некои од нив служеа за мајтап а други со своето тропање го засмејуваа народот.Во таа емоционална еуфорија по остварувањето на вековниот сон за слободна Македонија, сите безрезервно се пријавуваа за барабанџии мислејќи во првиот момент дека со тоа ќе дадат свој придонес за удирање на телмелите на самостојната држава.Но мангупите на влстите кои се менуваа на секои четири години, брзо ја сфатија корисноста од тетра пак барабанџиите : ем вршат голема работа – ем малку чинат.
Но оние кои се истакнуваа во тропањето одма ги земаа под своја контрола овозможуваји им опшествен рејтинг и голем капитал.
Posted in колумни, медиуми, политика | No Comments »
април 29, 2010
Не сакам во превод да кажам дека Македонците се „најдобри„ на Балканов.Нека ме предизвика некој ако смета дека е така. Македонците само знаат најарно да мижат на реалноста ,затоа што ,сакале ние или не, реализмот е алтернативата на оптимизмот .
Чек,чек,реализам значи да отвориме очи и да видиме што навистина се случува,што имаме,кои ни се опциите,да размислиме како да си ги решиме проблемите,да анализираме и реализираме.Тешка работа.Па многу е полесно да бидеме оптимисти и да се надеваме дека работите ќе се решат сами од себе.Или дека ќе ни ги реши некој друг.Попаметен.
Ако ги погледнеме таборите на кои сме однапред референдумски поделени:
-да си остане името Република Македонија,а за натаму ќе видиме и
-да се прекрстиме во Северна Македонија и да продолжиме со евроатланските интеграции те познатото „ влегување на државата во ЕУ и во НАТО„.
од авион се гледа дека вториот табор е таборот на оптимистите.
Инаку по однос на прашањето, дали да има и ли не референдум, работите стојат обратно,оптимисти нејќат а песимисти сакаат,што е психолошки феномен од сам по себе ,или веројатно тоа е неопходната доза на едното во другото за да не се растури импресијата за македонското недофатливо Тао.
Posted in колумни, култура, локално, општество, општо, политика, философија | No Comments »
|
|
|
|