Ја разгледувате архивата вино.
јуни 12, 2010
Супер избор за недел ручек или вечера со пријателите.
Овие корејски палачински ќе Ве освојат.
Потребно:
- 3/4 шоља сенаменско брашно
- 1/4 шоља оризово брашно
- 250 мл. ладна вода
- 5 млади кромидчиња
- 1 сушено чили пиперче
- 1 лажичка морска сол
- масло за јадење
По завршувањето на студијата биле тестирани нивоата на холестеролот и ефектите врз џигерот при што се добиени изненадувачки резултати, дури и за самите истражувачи. Тие што пиеле вино имале дури 15 отсто пониско ниво на штетен холестерол во крвта, во споредба со оние што добиле улога на антиалкохоличари.И покрај консумирањето алкохол, кај учесниците во истражувањето не биле забележани оштетувањата на џигерот. Според истражувачкиот тим, изненадувањето е несомнено бидејќи станува збор за толку големо подобрување на вредноста на холестеролот.
Posted in вино, гастрономија, здравје, култура | No Comments »
јануари 12, 2010
Чибук Меаната како што се викала гостилницата неофицијално го беше добила тоа име по гостите што тука доаѓале на сефалак и на кафе муабет, а чибуците и тутунот биле обавезен и незаобиколлив дел на целата слика во меаната.
Со еден збор Чибук Меаната било космополитско место каде што Турските Бегови, Каурите, Власите, Џупците и по некој Грк се мешале едни со други, седеле заедно по масите и диваните, се префрлале од маса на маса и гласно се вклучувале во муабетите кои биле јавни и изложени на сечија критика. Понекогаш некое поднапиено беже со право ќе мавнел со камшикот и меаната за момент се смирувала, а луѓето се повлекувале и седнувале каде што им личи и со кого што им личи. Тогаш Турците ќе промрмореле дека не е на арно, Грците гласно ќе кажеле по некој двосмислен збор, а на Македонците ќе им текнело дека треба да се купуваат кубури за зорзаман.
Дојде 21 век, а веднаш потоа и 1 Јануари 2010 година.
Чибук Меаната опусте. Се врткаа старите гости едно 10-15 дена ама немаше што да прават. Нит кафето се пиеше, нит ракијата лутеше. Виното пак ни оддалеку не можеше да се препознае, а не пак да се мисли за него како за крв христова.
Стопанот виде не виде и ја закатанчи. Ја затвори.
А Ленка…
Ленка отиде на налани в Монопол тутун да реди…

Posted in вино, гастрономија, историја, култура, локално, општество, пари, раскази, философија | 1 коментар »