Ја разгледувате архивата религија.
февруари 14, 2010
Прочка е еден од најславените празници поврзани со традиционални обичаи и многу карневали во Македонија и во пошироките балкански простори … Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка … се едно дали некј им згрешил или не … Обично се меси убава пита под вршник … онаа тенката па згужвана …. мммммммм … бабами ја викаше баница … и прекрасно ја правеше … на крај се амкаат јајца … демек оној кј ке го фати јајцето – само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето … сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите …
деновиве имав насмевка во форма на срце.
деновиве срцето ми беше полно со вино и пиво.
деновиве беа слатки како колаче, уморни како Сизиф, и солени како пот.
деновиве ветерот дуваше посилно од моите зборови, а снегот не ме покриваше како тебе.
да ги достигнеш своите чекори
да и‘ побегнеш на сенката своја
и да направиш крилја златни
кога севишниот не те гледа
е тогаш
.
ќе сонуваш
а небото нема да е само за птиците
Posted in поезија, религија, љубов | No Comments »
февруари 8, 2010
KAPITALIZAM
Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит. 
Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.
Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.
Posted in вести, наука, општество, пари, политика, религија, технологија | No Comments »