Ја разгледувате архивата технологија.
март 1, 2010
Драги колеги блогери и блогерки, 
Веројатно веќе знаете за агрегаторот на македонски е-содржини Пинг, чија цел е да помогне што повеќе луѓе да имаат можност да ги прочитаат интересни и корисни написи од најразлични области.
1. За да се овозможи блогерите што подобро да го искористат Пинг, во Метаморфозис планираме да организираме средби со цел презентација и куса обука за користење. Ако има заинтересирани ве молам пишете ми директно, да може направиме распоред за најпогодни термини. …
Развигор
Posted in блог, блогосфера, интернет, компјутери, технологија | No Comments »
февруари 8, 2010
KAPITALIZAM
Нашиве „сериозни медиуми“ на големо зафатени со „нагрдувањето на Скопје“ деновиве (свесно или не) пропуштија да не информираат за еден многу важен светски настан. Имено, во средата на 3 фревруари, Исламската Република Иран го лансираше својот прв вештачки сателит (Сафир 1) во земјината орбита. Според официјалното соопштение, во сателитот биле сместени еден глушец, две желки и неколку црви. Нема никакво соопштение за состојбата на животните во текот на летот, ниту пак по него. Напротив, има многу конфузно објаснување дека „Иранската Вселенска Програма“ во иднина има намера да вгради телекомуникациска опрема во истиот сателит. 
Малку чудно, имајки во предвид дека сателит за телекомуникациска опрема се тестира со испраќање животни, чија судбина на крајот останува непозната.
Она што е за сега сигурно, е дека паралелно со сателитската програма, Иран забрзано работи и на нуклеарната програма која е вон било каква контрола на меѓународните инспектори. Дополнително зачудува фактот што нема никаква реакција од Советот за Безбедност на ООН. Загриженост изјави единствено Пентагон кој потврдува дека истиот сателит може да послужи како балистички проектил со нуклеарно вооружување.
Posted in вести, наука, општество, пари, политика, религија, технологија | No Comments »
јануари 16, 2010
Бочваров
Пушачка дома
Значи, го ставаш на себе скафандерот, стискаш копче и на специјален држач ти се принесува цигарата до устата, ја лапаш, штрак друго копче, се пали и почнуваш да пушиш.

Воздух однадвор скафандерот ќе ти дотура мал вентилатор.
Целиот скафандер енергетски ќе се напојува од оние големите батерии, кои може да се полнат.
Таквите скафандери, без активирање на пушачките елементи, може да бидат употребувани и како задолжителните шлемови за мотоциклистите.
И, така опремени, пушачите ќе изгледаат космонаутски и сите ќе сакаме да ги имаме тие храбри луѓе покрај себе…
Posted in здравје, општество, технологија, хумор | No Comments »