Отвори нов блог

почни од тука, отвори нов блог

Ја разгледувате архивата философија.

фудбалско

јуни 12, 2010

Којзнае кое задоволство е да присуствуваш на светско првенство во кое учествува и твојата земја.

Денеска со 5 плати немоеш да го собереш ни албумот за светцко па коа ќе видиш подобро никад не се живело лошије од денес…

Да се нарече ова „неверојатна атмосфера“ е навреда за сите навиваки групи во светот. Ова монотоно брмчење може да се реплицира со двасетина двотактни двоцилиндрични агрегати… Ова не е ни од далеку неверојатна атмосфера…

Почело је, почело, конечно!!! Фала му на Бог за фудбалот и светското првенство, цеееееел месец уживање и навивање. Рај за машката популација, и за дел од женската, особено за оние на кои им е преку глава од мажи… Ма не е битно… Држ’ те најдобрата тема на сите досегашни светски, песнакоја до ден денес ме ежи кога ќе ја слушнам трубата кога одиме да навиваме.

-А утре, утре ќе идеме на коктели!! И нема сељачишта да ни дишат во врат, пошо ќе нема мушко низ градов!!
-А задутре, задутре ќе идеме на базен!! И никој нема да се лигави околу твојот пешкир!!
…Голема благодарност кон оној што го измислил фудбалот. Неколку мужи шутираат топка, сите мужи на планетава го гледаат тоа, а жените… ние само добиваме заслужен одмор од сите тие мужи…

Спортски коментаторски бисери кои своевремено ги собрав по повод претходното светско првенство. Некои ги паметам лично, а некои ги позајмив од интернет. Посакувам многу забава, фудбал и уживање.

Миленко Неделковски : – и да, дааааа,… господ е тукаааа, над Веронаааа, да, тука е еве и јас го гледам….. (Св. првенство во фудбал во Италија 1990, Верона, Југославија-Шпанија 2 1)

Зоран Михајлов: …и драги гледачи тука гледате многу знамиња, од кои најзастапено е знамето на Црвениот Крст (86 светско првенство во ракомет во Швајцарија – беше прогласен за југословенски гаф на годината)

Никола Солдатов… додека е топката во летот, да ви ги кажам составите…ове е веќе легендарно

Јанко (сега Јади Бурек): – Драги слушатели, денеска имаме еден африкански дуел (за натпреварот Камерун – Саудиска Арабија)

Милојко Пантиќ: – За овој натпревар продадени се 30.000 гледачи.

Јордан Ивановиќ: – Што би рекол нашиот народ – дежа ву!

Еве дел од советите што им даваше прирачникот Housekeeping monthly од 13 Мај, 1955 година на американските домаќинки. Да повторам уште еднаш американските домаќинки, значи овие совети не биле како треба да се однесуваат сопругите спрема нивните мажи во Турција, туку во САД.

- Припремете се за него. Одморете се едно 15 минути пред неговото доаѓање дома како би биле посвежи кога ќше гопречекате. Средете ја шминката, ставете панделка на косата и изгледајте свежо. ВАшиот маж штотуку поминал тежок работен ден и уморен со луѓето кој работел.
- Бидете среќни што го гледате.
- Не го замарајте со вашите проблеми.
- Направете се’ да му е комотно кога ќе дојде дома. Спремете му ја фотељата за седење во дневниот простор. Имајте дома ладен или топол пијалок во зависност каков ќе ви побара да го послужите.
- Наместете му ја перницата и понудете му да му ги соблечете чевлите. Зборувјте со тивок и пријатен глас .
- Не заборавајте дека е тој газда во куќата.
- Добрата жена секогаш знае каде и’ е местото.

ПСАЛМИ by my turlitava mind

јуни 6, 2010

Псалм 005… Сакај го непријателот поише од себе…. Ако сите ти се пријатели ќе ти отидат попусто парите на частење… Утре пола од тие ,,пријатели” ќе те одјебат коа ќе ти биде најтешко…

Псалм 006… Бегај подалеку од срерољубци кои секој Божји ден го спомнуваат зборот пари во секоја нивна реченица… Бегај подалеку и од луѓе плачипички кои постојано цмиздрат дека немаат пари а носат мобилен од 500 еура но во него немаат денар кредит…

Психонаутот во нас

јуни 3, 2010

Психонаутика е древна практика за проширување на свеста истражувајќи ја потсвеста. Таа е основна преокупација на шаманите, ламите и Тибетските Будисти. Денес се повеќе за нeа се интересираат психолозите и научниците со што би ја искористиле за лекување на психички болни и за напредување на технологијата и науката воопшто.

Психонаутството користено од самостојна единка, претставува можност за откривање на својата моќ, односно себе си, проследено со импресионирање и изразување на креативно ниво.

интернетот и реинкранацијата

мај 21, 2010

Сосема точно, зачудувачки импресивно! Дали ние всушност ја победивме смртта со помош на интернетот, опцијата за достапност на нашата меморија, спомени и искуства на милијарда луѓе, можност за учење на токму тоа што сакаме, можност за чекор поблизу до титулата “господ“ со тоа што имаме можност да видиме скоро сѐ што се случува во светот и тоа во истото време додека се случува.. Секако, не ја победивме смртта, но сме неверојатно близу до овозможување на реинкранацијата. Нашата душа лежи во нашата меморија, она што го гледаме, не е тоа што се случва, туку тоа што сме ние. Нашите сфаќања и перспективи за случувањата, се всушност тоа што сме, а тие зависат, односно создадени се од нашите искуства кои се всушност наша меморија. Па со тоа оставањето на нашата меморија во интернетот значи и оставање на нашата душа таму, па по престанување на можност на телото за чување на меморијата, таа останува бесмртна со тоа што е на интернетот, а со тоа има и можност за некој, кој ќе добие пристап до неа, да ја вгради во себе и надоградува. Така тој ќе ја всели нашата душа во него и воедно ќе ја надоградува. Човештвото во моментот се наоѓа во толку брза еволуција, како никогаш до сега.

Евроатланка

април 29, 2010

Не сакам во превод да кажам дека Македонците се „најдобри„ на Балканов.Нека ме предизвика некој ако смета дека е така. Македонците само знаат најарно да мижат на реалноста ,затоа што ,сакале ние или не, реализмот е алтернативата на оптимизмот .

Чек,чек,реализам значи да отвориме очи и да видиме што навистина се случува,што имаме,кои ни се опциите,да размислиме како да си ги решиме проблемите,да анализираме и реализираме.Тешка работа.Па многу е полесно да бидеме оптимисти и да се надеваме дека работите ќе се решат сами од себе.Или дека ќе ни ги реши некој друг.Попаметен.

Ако ги погледнеме таборите на кои сме однапред референдумски поделени:

-да си остане името Република Македонија,а за натаму ќе видиме и

-да се прекрстиме во Северна Македонија и да продолжиме со евроатланските интеграции те познатото „ влегување на државата во ЕУ и во НАТО„.

од авион се гледа дека вториот табор е таборот на оптимистите.

Инаку по однос на прашањето, дали да има и ли не референдум, работите стојат обратно,оптимисти нејќат а песимисти сакаат,што е психолошки феномен од сам по себе ,или веројатно тоа е неопходната доза на едното во другото за да не се растури импресијата за македонското недофатливо Тао.

Тајкуните на Мао

април 25, 2010

Едно утро, пред релативно кусо време, Ју Пењан се разбудил и, пиејќи го утринскиот чај, решил да го донира сето свое богатство (проценето на 1,2 милијарди хартии во зелена боја) на сиромашните.

Ако моите деца се поспособни од мене, ним нема да им требаат овие пари, си помисли Ју Пењан, а ако не се способни – така некако течеше неговата мисла – тогаш, многу пари само ќе им штетат во животот. Потоа, Ју ја зеде малата црвена книшка и прочита: „Обврска на партиските кадри е да им служат на луѓето. Нивната работа е бесцелна, ако тие ги немаат земено при срце интересите на народот“. Ју си го допи чајот, ја нафрли наметката врз свилените пижами и го повика секретарот, кој во претсобјето го чекаше будењето на тајкунот. Ју беше нестрплив да се фати за работа: количеството на зелени хартии што требаше да се подели беше огромно.

КОЈ ПЕЕ ЗЛО НЕ МИСЛИ

април 25, 2010

Не ми е намерата да правам некаква заднинска паралела и анализа, намерата ми е да ја доловам функцијата на песната и музиката која ја игра буквално кај секој човек.

Веројатно песната е единственото нешто што останало изворно чисто од човекот. Нешто што сеуште не е расипано и релативизирано, единствено нешто во кое секое човечко битие може да препознае нешто исконско добро, нешто што е искрено и трајно. Веројатно песната е единствена материја која ја препознава вистинската човечка душа.

Песната е единствено нешто кое не познава, граници, не знае за лимити и не прави поделби.

Можеби затоа и малата моја тропка со рачињата кога рикам како мајмун “… две рачички со десет прсти…”. Веројатно не е тоа затоа што сум забавен, смешен или добар детски пејач. Повеќе е заради пораката која ја носи секоја песна и приодот кој истата го дава.

Или како беше онаа народната … “Кој пее зло не мисли”!!!

Архива

септември 2010
П В С Ч П С Н
« авг    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Who's Online

143 visitors online now
124 guests, 19 members

BoomTV -ТВ Препораки