Ја разгледувате архивата љубов.
февруари 17, 2010
ЈАС: Верувам во доброто во луѓето, знам дека и во најлошиот човек пред нас има нешто што го омекнува.
МЕНЕ: Се почнало со доброто… после милион шамари на твоето лице почнуваш да се изобличуваш… ја немаш веќе онаа природна убавина, сега го носиш грдилото од другите.
СЕБЕ: Никој не може да те повреди… освен самата СЕБЕ. Сама си крива за се.
ЈАС: Еден ден секој ќе си го добие тоа што заслужува… јас заслужувам добро.
МЕНЕ: Секој ќе си го добие тоа што ќе си го земе… ако добивав тоа што заслужувам, сега ќе бев спалена на плоштад…
СЕБЕ: Кога ќе престанам да се давам СЕБЕ, тогаш ќе добијам се што сакам…
Сончогледи за сите
Posted in лично, философија, љубов | 1 коментар »
февруари 14, 2010
Прочка е еден од најславените празници поврзани со традиционални обичаи и многу карневали во Македонија и во пошироките балкански простори … Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка … се едно дали некј им згрешил или не … Обично се меси убава пита под вршник … онаа тенката па згужвана …. мммммммм … бабами ја викаше баница … и прекрасно ја правеше … на крај се амкаат јајца … демек оној кј ке го фати јајцето – само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето … сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите …
деновиве имав насмевка во форма на срце.
деновиве срцето ми беше полно со вино и пиво.
деновиве беа слатки како колаче, уморни како Сизиф, и солени како пот.
деновиве ветерот дуваше посилно од моите зборови, а снегот не ме покриваше како тебе.
да ги достигнеш своите чекори
да и‘ побегнеш на сенката своја
и да направиш крилја златни
кога севишниот не те гледа
е тогаш
.
ќе сонуваш
а небото нема да е само за птиците
Posted in поезија, религија, љубов | No Comments »
февруари 2, 2010
мислам на полиња со сончогледи, боја на жолто на црно, поле од зелено- или полиња визии- или коцки мраз во боја сино, играјте со музика, особено со слика која се трансформира, но, очите are wide shut, although, its the wide that matters- 
за слободата-
сликата или доаѓа или пробуваш да се возиш додека не дојде, тоа е девојката која доаѓа, пристапување, добро е да се биде уморен, но подобро е да се биде слободен-
за слободата-
време е дa се преиспитаат сите аспекти на тоа што претставува интелигенција, во овој случај, себе-лекување, преку слики и изолација на fragile state of the emotions и нивно конвертирање-
во слобода- visualize-
Posted in култура, литература, уметност, философија, љубов | No Comments »