Блогерај
корисничко име
е-маил
URL на блогот
внеси bloger за адресата на твојот блог да биде bloger.blog.mk
 

монологот на две

март 1, 2010
категории: поезија, раскази
Јас бев у Орце сине, она у Броз
друго време скроз на скроз
униформи плави, сите весели здрави.
Сега дома е со некој трет
а јас со другари во својот свет
некој е за клупа, а некој за група...

Сите паѓаат. Некој од зграда, некој од умот, некој од љубов, некој од
глупост.. Паѓањата никогаш не биле забавни или импресионирачки за
паѓачите, а човекот пак паѓа. Човекот е само бедно суштество, кое глуми
гордост! Самиот збор „човек“ звучи бедно, чудно е како Горки не го
забележал тоа уште одамна кога се чудеше колку гордо  звучело тоа.
Паѓањата најчесто се случуваат поради умирање на бајките.  А бајките
сјаат како рамна светлина опкружена со мрак, но секогаш знаат да умрат
токму пред да ги сфатиш сериозно...

И така птицата ни стана комшија. Мене и на господинот со бркој ни
сметаше првите деној ама после лесно се навикнавме на нејзе. Арно ама,
Витканиот малку од кафето, малку од птицата, не заспа никогаш појче. Во
која соба и да се прфлеше птицата му гракаше, а звукот му удираше во
мозокот. Го проба секој чош од кујчата, секое катче шо би се реколо,
ама ништо од то не испадна.

сонлива автомобилска свирка

ми го дели монологот на две

рефлектирам во излогот на казиното

тоа е единственото место во градот

кое не мириса на храна

уплаќам на нашите бројки

добивам на годината

300 денари

….

цигари

пар еспресо

и кутивче кондоми…

Пинг за промоција на блогерски содржини

март 1, 2010
категории: блог, блогосфера, интернет, компјутери, технологија

Драги колеги блогери и блогерки,

Веројатно веќе знаете за агрегаторот на македонски е-содржини Пинг, чија цел е да помогне што повеќе луѓе да имаат можност да ги прочитаат интересни и корисни написи од најразлични области.

1. За да се овозможи блогерите што подобро да го искористат Пинг, во Метаморфозис планираме да организираме средби со цел презентација и куса обука за користење. Ако има заинтересирани ве молам пишете ми директно, да може направиме распоред за најпогодни термини. …

;-) Развигор

нова претстава

февруари 28, 2010
категории: вести, театар

Пријатели, слободните места за изведбите на  претставата “Лили” во режија на Софија Ристевска се пополнуваат од минута во минута.

- објавуваме нова листа на датуми за кои можете да резервирате карти:

10 март (среда)

15 март (понеделник)

16 март (вторник)

29 март (понеделник)

30 март (вторник)

Изведбите почнуваат во 22 часот во клубот Џубокс.

мисловно

февруари 28, 2010
категории: философија, фото

Фројд не можел а да не ги замисли своите откритија во поимите и терминологијата на своето време. Не ослободувајќи се никогаш од материјализмот на своите учители, морал така да се каже, да пронајде начин да ги прикрие човековите страсти, прикажувајќи ги како резултат на инстинктот. Тој тоа го направил  брилјантно; го преувеличил поимот на сексуалноста(либидо) до таа мерка што можело да се разбере дека сите човекови страсти (освен за самозачувувањето) произлегуваат од еден инстинкт.

Но, мислата не може да стане акција само поради создавање некаков ефект од кој ќе произлезе успех (материјал-богатство-пари-луксуз-комфор-џипови-куќи-хедонизам-располагање со души-насилство-игра МС-моќ; брутално чиста капиталистичка либерална-демократска материја, во смисла на системот на капиталистичката реалност), туку затоа што тоа е односот на мисловна единка, кој како мисла и акција/реакција се однесува кон друг човек/битие.

Мислата од друга страна постои единствено за да ја кажувa вистината за човекот. Крајно, карактерот на јазикот е таков, да неговата есенција е резервирана за мислители, филозофи, поети. Јазикот не е за другите.

виртуелности и реалности

февруари 28, 2010
категории: интернет, поезија, фото, хоби

Ме опива мирисот на новоиздадената членска книшка
Стојам пред бирото за вработување
Ти си мојот бог!!!- им велам
Оваа песна е за тебе,
да те потсеќа на мојата нервоза.

Тргнувам оддолу;
ќе си починам.

Ќе тргнам од каде што сум.
Си починав.
Ќе се искачам.
Полека се искачив.
Не се искачив,
сал мислам дека се качив.
И те фатив.
Мора да слезам.
Мора да се поклонам
таму кај што ‘ртам.

Силикони

февруари 28, 2010
категории: раскази

… После заминаа во театар. На Филипа, му се чинеше  дека сите жени имаа подлабоко деколте од она на неговата девојка. Повеќе гледаше во деколтињата на посетителките одошто во актерите. Да не беа неколкуте актерки со големи гради воопшто и не ќе се свртеше кон сцената. Девојката не му рече ништо. Не му беше прв пат да се пули во туѓи женски гради. Fake Boobs

По три недели од претставата, додека внукот на дедо Трајан  гледаше на видеото филм во кој главната хероина имаше големи гради, му се јави девојката на мобилен телефон

-Филипе јас сум во болница…

-Зошто? Што се случило? – ја прекина Филип

-Од денес имам силиконски гради – продолжи таа ……

Десеттата муза на Шекспир

февруари 27, 2010
категории: поезија

СОНЕТ 76
О,јас се`за тебе пеам, љубена моја,
ти и љубовта сеуште сте ми тема -
со старите зборови нов елан кројам,
потрошеното пак назад си го земам
како сонцето од вчера што се роди
така мојта љубов стар стих ја плоди.

SONNET 76
O, know, sweet love, I always write of you,
And you and love are still my argument;
So all my best is dressing old words new,
Spending again what is already spent:
For as the sun is daily new and old,
So is my love still telling what is told.

BoomTV -ТВ Препораки
  • Последни блог постови
  • Последни коментари
©2009 Блогерај